Иако околу 10 до 15 отсто од бременостите завршуваат со спонтан абортус, многу жени не добиваат шанса да поминат низ процесот на жалење за загубата на детето.

За да го насочи вниманието на оваа емотивна тема, актерката и мајка на три дечиња, Зои Салдана, заедно со сестрите Мариел Салдана и Кисли Салдана продуцираа краток филм наречен „19 недели“, во кој се опишува колку може да биде погубно и трауматично искуството што го носи спонтаниот абортус.

Филмот ја прикажува жената Оушн, која доживува спонтан абортус среде забава на која го открила полот на нејзиното бебе. Додека ја барала причината за нејзиниот абортус, Оушн дознала дека абортусите понекогаш се случуваат без никаква причина. Настојувајќи да ги потисне емоциите поврзани со абортусот, нејзината мајка се обидува да ја утеши додека нејзиниот партнер размислува за тоа што би можело да го предизвика спонтаниот абортус.

На видеото гледаме и како Оушн замислува алтернативен свет во кој нејзиниот син е жив.

– Филмот е визуелна референца за губење на надежта – сето она што би бил нејзиниот син, мајка каква што требало да биде и живот што никогаш нема да го има – изјави продуцентот Лиз Дестро.

Филмот бил создаден врз основа на искуствата на многу жени, а ја допира и темата за породилно отсуство – Оушн нема можност да земе одмор од работа.

– Споменувањето на породилното отсуство е особено важно бидејќи како општество, воопшто не ја почитуваме болката што не можеме да ја видиме – вели Алесија Ентиоф, која се појавува како главната улога во филмот.

– Ако нема бебе, нема причина за заминување од работа. Спонтаниот абортус е нешто за кое сè уште не се зборува доволно, па честопати жените страдаат во тишина додека светот продолжува да се движи со вообичаено темпо, со очекување и тие да продолжат понатаму – додава Алесија.

Извор



912

X