Евгениј Комаровски, доктор на медицински науки, телевизиски водител и автор на многу книги за нега на деца, во едно интервју зборувал за борбата против алергиите и јакнењето на имунитетот кај децата.

– Луѓето воопшто, па конкретно и децата, имаат способност за адаптација на сите временски услови. Промената на климата може сериозно да влијае врз иднината на човечката цивилизација, но преувеличено е влијанието на ваквите промени врз здравјето на едно, конкретно дете.

Извор: Јутјуб

Климатските промени не се оправдување за мрзливоста на родителите

Животот на современото семејство денес многу се разликува од пред 20 или 30 години. Сè е поинаку: од негата на децата, до куќната техника, клима-уредите, храната, но и времето поминато на свеж воздух, па и квалитетот на самиот воздух, спортот и рекреацијата во детските установи, и претшколските и школските. Уште еден битен фактор се компјутерите, кои сериозно влијаат врз современото воспитување и комуникацијата на децата и родителите.
Сето ова го наведувам за да свртам внимание на тоа дека родителите ги земаат климатските фактори како оправдување за сопствените грешки и својата мрзливост, бидејќи здравјето и имунитетот на детето најпрво се формираат со начинот на живот. А мајката и таткото се тие што го обликуваат начинот на живот на детето.

Кога родителите не можат да проценат што е добро или лошо за нивното дете, кога не умеат да организираат правилна нега, односно режим на исхрана, вежбање, шетање, бањање, укажување основна медицинска помош при честите детски болести – сето тоа доведува групно да се повикуваат на лошата клима, загадениот воздух, неорганизираната држава, лошото здравство итн.

Поминувајте повеќе време на свеж воздух

Уште една типична заблуда е тоа што поголемиот број возрасни се убедени дека постои лек кој на чудотворен начин може да влијае врз зајакнувањето на имунитетот кај децата. Такви лекови не постојат, а оние што се на полиците во многубројните аптеки се „шарени лаги“. Употребата на таквите препарати служи само за родителите да можат да стават „рецка“ дека направиле нешто добро за своето дете.
Ако сакате вашето дете да не боледува, ако сакате брзо и лесно да се адаптира на животните услови и околности кои многу брзо се менуваат, тогаш информирајте се, читајте. А, пред сè, не дозволувајте детето да биде премногу облечено, немојте премногу да го храните, стимулирајте го на секојдневна физичка активност и не држете го во стерилни услови. Со децата поминувајте повеќе време на свеж воздух и не давајте им „волшебни“ таблети за јакнење на имунитетот. Пред сè, на децата им се потребни тато и мама – изјавил доктор Комаровски во интервјуто.

 



912

X