Јануш Корчак е познат полски педагог, писател, лекар и социјален работник, кој трипати одбил да си го спаси животот.

Сакајте го вашето дете без разлика какво е тоа – неталентирано, неуспешно или возрасно. Радувајте се при секој разговор со него бидејќи детето е празник додека е со вас – е еден од советите на овој педагог.

Корчак починал во 1942 година откако трипати одбил да си го спаси животот.

Првиот пат кога Јануш одбил да си го спаси животот бил кога одлучил да не емигрира во Палестина пред окупацијата на Полска за да не го препушти домот за сирачиња на судбината пред страшните случувања.

Вториот пат бил кога одбил да избега од варшавското гето. Третиот пат бил во 1942 година, кога германските војници дошле во домот за сирачиња за да ги пренесат децата во логорот Треблинка. Тогаш еден германски војник го прашал:

– Вие ја напишавте „Кралот Матиуш?“ Ја читав кога бев дете. Добра книга. Слободен сте.

– А децата?

– Децата заминуваат. Но вие можете да го напуштите вагонот.

– Грешите, не можам. Не се сите луѓе гадови.

Ни останува да се потсетиме на неговите 10 принципи на воспитување:

1. Не очекувајте вашето дете да биде како вас или онакво какво што вие сакате да биде. Помогнете му да стане не како вас, туку како себеси.

2. Не барајте од детето да ви надомести за сè што сте направиле за него. Вие сте му дале живот, како би можело да ви се оддолжи за тоа? Детето ќе ѝ даде живот на друга личност, таа на трета… тоа е неповратниот закон на благодарноста.

3. Не истурајте ја лутината врз вашето дете за да не јадете горчлив леб на стари години. Она што ќе го посеете, тоа ќе никне.

4. Не потценувајте ги проблемите на вашето дете. На секоја личност ѝ е даден живот според нејзините сили и бидете сигурни дека на вашето дете му е тешко, можеби и потешко отколку што ви е вам, затоа што тоа нема искуство.

5. Не понижувајте го вашето дете!

6. Не заборавајте дека најважните средби во животот на човекот се неговите средби со децата. Посветувајте им повеќе внимание на вашите деца бидејќи не можете да знаете кого среќавате во вашето дете.

7. Не измачувајте се себеси доколку не можете да направите нешто за вашето дете. Само запомнете, она што сте го направиле е недоволно доколку не сте направиле сè што сте можеле да направите.

8. Детето не е тиранин кој завладеал со вашиот живот, тоа не е само плод од крв и месо. Тоа е скапоцена чаша која животот ви ја доверува за во неа да го одржувате креативниот оган. Детето е ослободена љубов од мајката и таткото кои ќе растат душа, кои не одгледуваат дете, туку душа што им е дадена на чување.

9. Научете како да ги сакате туѓите деца. Никогаш не правете им го на туѓите деца она што не сакате да му го прават на вашето.

10. Сакајте го вашето дете без разлика какво е тоа – неталентирано, неуспешно или возрасно. Радувајте се при секој разговор со него бидејќи детето е празник додека е со вас.



912

X