Воспитување

Позитивни родители – позитивни деца

Вашиот став, позитивен или негативен, може да влијае врз односите што ги имате со тие што се околу вас: пријателите, семејството, соработниците. Една нова студија покажува дека гледиштето на родителите може да влијае врз тоа како детето ги развива своите пријателства.

Родителите се примарните учители на своето дете за многу работи. Но дали навистина родителите можат да влијаат врз пријателствата на своите деца?

Во две студии истражувачите набљудувале 270 деца на возраст од четири и шест години заедно со нивните родители, им била дадена слика која покажувала предизвикувачки интеракции, на пример, кула од коцки и како некој ја руши кулата. Во првата студија родителите ја објасниле ситуацијата со свои зборови. Во втората студија на некои родители им било кажано да дискутираат позитивно за ситуацијата, на пример, ненамерно рушење на кулата. Друга група родители разговарале со своите деца за нормите и вредностите, на пример, дека споделувањето е добро, а агресијата е погрешна. И третата група родители не воделе никаква дискусија.

Истражувачите откриле дека кога родителите ја гледаат ситуацијата како позитивна, незаканувачка и им кажуваат на своите деца дека агресијата не претставува нормален одговор, малку е веројатно дека детето ќе ги гледа своите врсници како противници.

И покрај тоа што ова биле краткорочни студии, истражувачите веруваат дека слични ефекти би имало ако родителите разговараат со своите деца за интеракциите што ги имаат со своите врсници секојдневно.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top