Воспитување

Поврзување со бебето: 10 работи што можете да ги практикувате

Патот на родителството не е еднакво лесен или тежок за секого.
Поврзувањето со бебето не е ниту лесно ниту едноставно. Не се создава веднаш кај сите татковци, па дури и кај мајките. Но, за среќа, има мали секојдневни гестови на нежност кои можат да ви помогнат во тоа. Не се ниту напорни ниту здодевни, а голема е веројатноста дека веќе ги правите, па само забележете ги.

Гледајте го бебето в очи – поврзувањето со бебето е најлесно преку гледање бидејќи научно е утврдено дека бебињата секогаш го бараат ликот на мајката или таткото.

Помирисајте го бебето – мирисот на бебето ги активира центрите во мозокот кои се задолжени за љубов и грижа и го поттикнува лачењето на окситоцин – хормонот на љубовта.

Допир кожа на кожа – со причина бебињата се ставаат на голите гради на мајката по раѓањето и се оставаат така барем еден час. Допирот го стимулира лачењето на хормони одговорни за доење и поврзување со бебето.

Доење – дојте ако можете затоа што доењето е најлесниот начин за поврзување. Ако не можете, не е страшно бидејќи самиот чин на хранење на бебето влијае врз поврзувањето.

Бебешки плач – и плачењето на бебето има цел при поврзувањето, имено, плачењето го активира центарот за нега во мозокот.

Слушајте музика и танцувајте – овој начин на забава со вашето бебе ќе направи чуда за вашиот однос!

Љубов – бакнежите ги создаваат оние мали дневни спомени што ве поврзуваат со него.

Носете го вашето бебе – или во носач или в раце бидејќи носењето создава нераскинлива врска.

Смејте се – смеењето го ослободува хормонот за добро чувство – допамин кој ве прави среќни – и вас и бебето!

Те сакам – иако бебето не ве разбира, кажете му дека го сакате, сигурно ќе се чувствувате подобро.

Бидете благодарни – за секоја секунда што можете да ја поминете со вашето бебе.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top