Иако родителите се многу исплашени во овие случаи, сосема е нормално децата одвреме-навреме да удрат со главите по рабовите на масата, страните на креветот или да паднат. Но, ако вие како родител се сомневате на сериозна повреда на главата, ќе биде потребно многу повеќе од само лесен удар или безопасен пад, велат експертите. Педијатарот Нихар Парек објаснил во кои случаи е неопходно да се реагира и да се побара помош од лекар.

„Обично, децата до две години имаат флексибилни коски на главата кои сè уште не се споени. Секоја повреда на главата не е толку сериозна и во повеќето случаи не предизвикува никакви проблеми со мозокот“, објаснува тој. Сепак, раната дијагноза е клучот за спречување какви било сериозни компликации, па затоа Парек открива како родителите можат да откријат потенцијално посериозни повреди на главата кај децата.

Оток на еден дел од главата

„Појавата на брзорастечки оток на еден дел од главата може да биде знак за посериозна повреда на главата кај децата. Ако отокот расте од час во час, непропорционално брзо, веднаш треба да отидете во болница за дополнителни испитувања“, објаснува педијатарот.

Повраќање

Доколку детето почне да повраќа во првите 24 часа по ударот на главата, тоа може да биде еден од знаците дека имало посериозна повреда на главата и потребно е да се реагира и да се оди на лекар, советува педијатарот.

Поспаност или губење на рамнотежата

Друг знак, предупредува Парек, може да биде поспаност кога детето е всушност будно, но има тешкотии да остане свесно, изгледа збунето и губи рамнотежа. Тоа е и предупредувачки знак за итна посета на лекар. Токму затоа еден од најчестите совети е да го следите детето по самиот удар и да чекате најмалку два часа пред спиење за да може родителот навреме да реагира.

Крвавење од носот

Еден од предупредувачките знаци за внатрешна повреда на главата е крв или чиста течност од носот или увото, според педијатарот.

Конвулзии

Конечно, д-р Парек зборува за најтешкиот и најопасниот знак на повреда на главата, а тоа е конвулзија или епилептичен напад. Конвулзија се јавува кога мускулите на телото се собираат и брзо се опуштаат, предизвикувајќи телото неконтролирано да се тресе. Ова е знак за субдурален хематом (SDH), објаснува тој.

Извор



912

X