Ново истражување покажува дека повеќе од една третина од децата спијат помалку отколку што им е потребно, со оглед на нивната возраст. Спиењето е многу важно за секого, а недостигот на сон може да има големо влијание врз физичкото и менталното здравје на лицето. На децата им е потребен многу сон, бидејќи голем дел од нивниот раст и развој се случува додека спијат. Детето што не се наспива има тешкотии со следењето на наставата, може почесто да се разболува и да има општо полоша состојба. На сите родители би требало да им биде приоритет да се осигурат дека нивното дете спие доволно.

Според „Медикал експрес“ и „Хелт деј“, голем број деца не спијат доволно секоја ноќ. Утврдено е дека 34,9 отсто од децата на возраст од 4 месеци до 17 години не ја имаат препорачаната количина сон за својата возраст. Ен Г. Витен и Анџелика Х. Клаусен анализирале податоци за навиките за спиење на децата собрани од Националното истражување за здравје на децата во период од 2016 до 2018 година.

Нивното истражување открило дека е поголема веројатноста дека децата ќе ја постигнат препорачаната количина сон ако имаат воспоставена редовна рутина на спиење. Отсекогаш се говорело дека рутините се важни за децата и иако е во ред повремено да дозволите исклучоци, родителите би требало да бидат подоследни во одржувањето на ритамот.

Погрижете се детето да има одредено време за спиење кое е исто секоја вечер, па тоа може да биде од голема помош за да му обезбедите доволно сон во текот на ноќта. Бебињата на 3 месеци треба да спијат од 14 до 17 часа дневно. Од 4. месец на животот до една година би требало да спијат од 12 до 15 часа, а помеѓу 1 и 2 години од животот – од 11 до 14 часа.

На децата од претшколска возраст, од 3 до 5 години, им треба од 10 до 13 часа сон, а на училишните деца, помеѓу 6 и 13 години, од 9 до 11 часа. На тинејџерите им се потребни од 8 до 10 часа сон.

Извор



912

X