Истражување спроведено од Универзитетот во Отава ги следело секојдневните навики на 4.500 деца, од кои подоцна било побарано да направат детални когнитивни тестови.
Децата што поминуваат повеќе од два часа дневно пред екран имаат полоша меморија, послаби јазични вештини и помалку можат да го задржат вниманието на одредена активност, покажува истражувањето.
Во него биле вклучени деца на возраст меѓу 8 и 11 години и се покажа дека оние што повеќе седат пред екранот на паметните телефони или играат видеоигри имале многу полоши когнитивни вештини во низа функции. Истражувањето ги следело секојдневните навики на 4.500 деца, од кои подоцна било побарано да направат детални когнитивни тестови, па се покажало дека повеќе од два часа дневно поминати пред екран доведува до лоша работна меморија, намалена брзина на обработка на податоците, намалено ниво на внимание и на јазичните вештини…
Истражувањето испитувало илјадници родители и деца за нивните секојдневни активности – вклучувајќи го и времето поминато во спиење, користење паметни телефони и други уреди и нивоата на физичка активност.
Децата што поминувале помалку од 2 часа пред екранот имале најдобар сон – тие спиеле помеѓу 9 и 11 часа. Овие деца биле и за 5 отсто подобри во тестовите од просечните деца. Значајно е тоа што истражувањето го посочило времето поминато пред екран како клучен фактор. Децата што седеле пред екран помалку од два часа имале за 5 отсто подобри перформанси, без оглед на другите навики.
Водечкиот истражувач д-р Џереми Волш вели дека ова се одлични наоди.
– Поставивме јасен двонасочен пример и покажуваме јасна когнитивна корист поврзана со држењето до границите – вели Волш.
Наодите се од опсервационо истражување – ова значи дека не може да се докаже дека дополнителното време поминато пред екраните предизвикало послаби когнитивни вештини. Но, експертите веруваат дека неколку фактори – влијанието на сината светлина врз мозокот, самата онлајн-активност и времето поминато пред екранот – влијаат врз времето што би можело да се помине во вежбање, спиење и или учество во социјални или ментално предизвикувачки задачи.
– Секоја минута помината пред екранот ја дислоцира минутата од сонот или когнитивно предизвикувачките активности – вели д-р Едуардо Естебан Бустаманте од Универзитетот во Илиноис.