„Училишта без насилство!“ порачаа утрово повеќе од 500 од петто и од шесто одделение, кои учествуваа на Скопскиот мини-маратон. Стартот на трката што ја организираат Сојузот на спортови на Град Скопје, Скопски маратон и УНИЦЕФ, го означи Британката Пола Редклиф, светската рекордерка во маратон.

Големи аплаузи добија и учениците од II4 одделение од ООУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“, кои имаа посебна трка од 500 м. Предводени од нивните наставнички Ема Зафирова и Славица Гаврилова, 31 ученик од скопското училиште направија посебна атмосфера на настанот. Носејќи ги своите маички со бувче, тие предизвикаа овации и аплаузи.

-Идејата за учество на Детскиот мини-маратон е заедничка. Со колешката Гаврилова негуваме став дека спортот е неопходен за правилен раст и развој на децата, а како рекреативци ја развивме идејата за годинашново учество. Се подготвуваме неколку месеци, а кон нашата идеја се приклучија и родителите со одредена логистика. Заштитен знак на одделението е бувчето, па тие ни дизајнираа маици, кои ги испечативме и ги носевме како тим. Овој прв маратон е поттик за целиот наш тим зашто преку него децата ги осознаваат нештата како дополнување во наставната програма, заеднички ја славиме љубовта кон спортот и сме побогати со искуства – изјави Зафирова, која додаде дека добиле огромна поддршка од родителите и од раководството на училиштето.



912

X