Здравје

Повеќе од 150 дечиња дел од првиот КЛ7 Куп Север

Прекрасна слика во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во Општина Кисела Вода, вчера направија 150 деца. Среќни, мотивирани, возбудени затоа што учествуваа на првиот КЛ7 КУП Север.

Членовите на Школата на #Капитенот од Тетово, Куманово и Скопје одиграа 18 натпревари поделени меѓусебе во неколку екипи. На терен излегоа децата од школата од Скопје која работи во ОУ “Кирил Пејчиновиќ” – Кисела Вода, ” Кузман Шапкарев” – Драчево предводени од тренерот Влатко Котески. Децата од школата кои тренираат во ОУ ” Блаже Конески” со тренерот Иван Никчевиќ, како и децата од КЛ7 од Куманово и Тетово со тренерите Кети Николовска, Валентина Николовска и Зоран Перовски. Голем број од дечињата на овој КУП го имаа натпреварувачко “крштевање” кое како што велат нивните родителите ги оставило децата без сон.

Најмалите учесници на овој КУП Север кој се играше на мини ракометени терени се родени 2013 година, на свои 5 години веќе се дел од тим. Најмалку од се беше важен резултатот , најбитно беше што вчерашниот ден ќе го врежат во својата меморија како ден кога прв пат биле дел од екипа која игра пред публика.

Иако дебитираа тие беа на висина на задачата да се “гине” на терен за подобар резултат за екипата., кој колку знае и умее, за да го покаже во игра она што го научил на тренинг. При тоа, ставајќи го на прво место златното правило кое секогаш им го нагласуваат тренерите, ферплеј пред се. Така мали а така големи во желбата да се даде гол плус. Сите натпревари беа интересни на свој начин а еден од нив заврши со нерешен резултат па победникот го добивме преу изведување на пенали, а пеналите беа вистинска атракција. Со овој КУП се развива нашето мото – Ракомет за секое дете – бидејќи децата добиваат можност за натпревари кои се најсилното орудие за нивно калење во играчи.

Благодарност до нашите партнери кои го помогнаа настанот, како и до родителите на нашите деца, вклучувајќи ги и родителите од селекцијата КЛ7- Кисела Вода, кои ни беа десна рака во сите сегменти и без кои неможеше да се одржи настанот.

Следниот КУП -Запад ќе се реализира во Струга а на него учество ќе земат децата од школата на #Капитенот од Битола, Охрид и градот домаќин

Поврзани написи

To top