Хелена Бонам Картер е запознаена со предизвиците и радостите што произлегуваат од одгледувањето деца. Актерката ги има синот Били и ќерката Нел со својот поранешен партнер Тим Бартон. Откако станала мајка во 2003 година, таа зборува за раѓањето деца, за тоа да се биде вработен родител и други теми поврзани со родителството. Ова се нејзини цитати за родителството:
За одењето на часови по родителство
„Не работам во моментов. Треба да бидам мајка. Потешко е да се биде мајка отколку актерка. Одам на часови по родителство. Никој не ме научи што треба да правам… децата ме учат многу интересни работи, како да не е моја работа да знам сè… Какво олеснување – да не морам да знам сè“.
За станувањето родител
„Тоа е како експлозија на срцето, љубовта, на сè – и е извонредно. Менува сè. Сите ми велеа дека сè ќе се смени и се разбира дека не слушав, па нема вистински начин како да се објасни тоа“
За вежбањето пеење во бременоста
„Можеби бебето ќе излезе со своите раце на ушите и ќе рече „Замолчи!“
За раѓањето на својата ќерка
„Таа е многу опуштена, со многу голема коса и јас сум целосно вљубена во неа. Дури го сакав и раѓањето. Би го направила повторно. Јас добив лекови, седнав и уживав. Сè беше во ред, таа дури и не плачеше кога излезе. Ја добив за новогодишните празници, па таа беше мојот празник и подарок – најсреќните денови од мојот живот поминаа во таа болница“.

За носењето на сопругот на часовите по родителство
„Најважно е децата да си мислат за себе, наместо јас, мајката, да правам сè за нив. Тим велеше „каде е тоа и тоа“ и јас се растрчував да го најдам „тоа и тоа“. Сега го терам самиот да го прави истото, како и со децата. Едноставно не можете вие сè да завршувате за нив. Тоа го промени мојот живот. Мислам дека на тој начин го одзедов стресот од родителството, учејќи ги сите да се заземат за себе и самите да си ги завршуваат обврските, па мислам дека ќе живеам барем 10 години повеќе“.
За балансот меѓу работата и животот
„Жонглирањето помеѓу актерството и мајчинството е тешко, бидејќи постојано ги испуштам топките од раце. Секогаш чувствувам како да правам сè погрешно. Мултитаскингот е исцрпувачки. Не велам дека е голема работа, не ако уживаш во она што го работиш, а јас сум среќна што заработувам работејќи го она што го сакам, но секогаш има и нешто друго“.
За пуштањето музика за своето неродено дете
„Јас го пуштав Моцарт и виолински концерти повторно и повторно бидејќи тоа го стимулира внатрешното уво на нероденото бебе. И се што ми ветија, тоа им се случи на двете моите деца. Тие станаа неверојатно паметни и многу свесни и релаксирани“.
За добивањето вести за номинации за Златен глобус во текот на бременоста
„Зборувавме за тоа, па потоа Тим доби повик од својот асистент. Јас и навистина изгледам како глобус, што е смешно. Навистина сум тркалезна“.
За нејзините надежи за иднината на децата
„Сакам да бидат адвокати или сметководители. Не мислам дека некој актер сака неговите деца да го следат во оваа професија“.
Автор: Каролин Болоња