Додека постпородилната депресија или „бејби блузот“ обично се поврзува исклучиво со мајките, резултатите од неодамнешните истражувања покажале дека секој петти татко страда од оваа болест.
Студијата на Британскиот институт за медицински истражувања ја следела појавата на депресија кај мајките и татковците од раѓањето на детето додека детето не наполни 12 години. Тие откриле дека „бејби блуз“ како појава влијае врз 39% од жените и 21% од мажите. И тоа најчесто во првата година од животот на детето.

Ризик-фактори

„Бејби блузот“ ги погодува и мажите, а ризик-факторите се:

-недостиг на сон
-зголемување на одговорноста
-грижа за финансии
-стрес на работа
-грижа за партнерот
-нега на бебето.

Иако симптомите на машката постпородилна депресија се слични на оние на жените, сепак, мажите можат да бидат понезадоволни од жените од ситуацијата во која се нашле. Истражувањето на Британското здружение за ментално здравје покажало дека во семејствата каде што татковците страдаат од депресија, децата почесто покажуваат проблеми во однесувањето или страдаат од емоционални проблеми, а момчињата се поподложни на тие состојби, за разлика од девојчињата.

Дискутирањето за проблемите со семејството и пријателите може да помогне, како и разговорот со други татковци кои страдале од постпородилна депресија.

Исто така, секогаш можете да сметате на помошта од психолог, онлајн или во живо. Не е срамно да побарате помош бидејќи менталното здравје е исклучително важно!

Извор



912

X