Постпородилната депресија е форма на големо депресивно нарушување што може да се појави по породувањето. Оваа состојба значително влијае врз емоциите, однесувањето и односите со околината.

Кога симптомите на депресија се појавуваат шест недели или подоцна по породувањето (постпородилната депресија по една година или повеќе), тоа обично се нарекува одложена или доцна постпородилна депресија.

Кога може да се појават симптоми на постпородилна депресија?

Иако постпородилната депресија најчесто започнува во првите шест недели по породувањето, симптомите може да се појават во секое време во текот на првата година. Во некои случаи тие се развиваат постепено и стануваат поочигледни или сериозни дури по првата година, понекогаш дури и до три години подоцна.

Експертите дебатираат дали симптомите на депресија кои се појавуваат по повеќе од една година по породувањето, сепак треба да се класифицира како постпородилна депресија или како форма на големо депресивно растројство.

Некои веруваат дека овие симптоми може да се поврзани со постпородилни искуства, како што е прекинот на доењето или враќањето на менструалниот циклус.

Без оглед на временската рамка, важно е навремено да се адресираат симптомите на депресија бидејќи нетретираната депресија може потешко да се управува со текот на времето.

Постпородилна депресија по една година или повеќе – третман

Пристапот за лекување на одложената постпородилна депресија зависи од индивидуалните околности. Психотерапијата обично е првиот чекор во лекувањето на повеќето форми на депресија. Професионален терапевт може да обезбеди ефективни стратегии за справување со постпородилната депресија.

Во потешки случаи, кога депресијата значително влијае врз вашиот однос со себе, вашето дете или животот воопшто, здравствениот работник може да препорача комбинација од терапија и лекови. Изборот на лекови се приспособува во зависност од доењето, општата здравствена состојба и специфичните симптоми, притоа обезбедувајќи безбедност за мајката и за детето.

Одложената постпородилна депресија може да се лекува, а ефективни опции се достапни без оглед на тоа кога ќе се појават симптомите. Не сте сами – можна е помош и закрепнување.

Автор: Томислав Станиќ

Извор



912

X