Патеките на генетиката се чудни. Кога очекувате бебе, не можете ни да замислите како ќе изгледа. И одличен пример за тоа е колку браќата и сестрите се различни.

Без оглед на тоа што носиме гени од двајцата родители, постојат некои работи што се наследени само од еден. Најновото истражување покажува дека детето може да наследи некои карактеристики само од мајката.

Ова се трите карактеристики што можеме да ги наследиме само од мајката:

Интелигенција

Сега, кога ќе ве прашаат на кого сте паметни, слободно кажете дека сте на мама. Истражувањето спроведено на шкотскиот универзитет во Глазгов покажа кои фактори влијаат врз интелигенцијата, вклучувајќи ги и социо-економскиот статус и образованието. Во ова истражување учествувале повеќе од 12.600 млади луѓе помеѓу 14 и 22 години. Резултатите покажале дека најголемото влијание доаѓа од страната на мајката.

Нивниот коефициент на интелигенција варирал само во просек од 15 поени во однос на оној на нивната мајка.

Стареење

Се сеќавате како велат старите: „Гледај ја мајката, избери ја ќерката“. Тоа тврдење сега има научна основа бидејќи начинот на кој старееме зависи од ДНК на нашата мајка.

Ова го откриле научниците од германски институт кои велат дека ДНК од митохондриите, кои ги наследуваме исклучиво од мајката, може делумно да го контролираат стареењето.

Склоност кон дебелеење

Детето ќе биде дебело или вито во зависност од физичките и метаболичките карактеристики на мајката. Ако мајката е дебела, децата се со поголема веројатност да бидат дебели.

Извор



912

X