Професор д-р Бранимир Несторовиќ, познат пулмолог и алерголог од Универзитетската детска клиника „Тиршова“ од Србија, објаснува како најлесно можете да се ослободите од досадни комарци и да го заштитите вашето дете од убод од инсекти како што се пчелите.

Најголемиот проблем за децата кога ќе излезат надвор се убоди од инсектите, поради кои може да се јават алергиски реакции.

Не станува збор само за комарците. Според д-р Несторовиќ, опасност претставуваат скоро 17 видови инсекти, но и мравките, некои видови бубачки, како и растителните вошки што се наоѓаат на растенијата во нашите домови.

– Децата имаат многу побурни реакции од возрасните и станува збор за големи промени на кожата што често завршуваат со црвени пликови проследени со силно чешање. Кога децата се чешаат силно, тие предизвикуваат гребнатинки и преку овие рани во телото внесуваат стафилокока што се наоѓа на кожата. Станува збор за бактерија што предизвика гноење и создавање на секундарна инфекција – објаснува Несторовиќ.

Според неговите зборови, родителите тогаш од докторот добиваат стандардна терапија против алергија. Ги мачкаат децата со кортикостероидни креми и тоа обично ја влошува инфекцијата.

Како да го одбраните детето од инсекти?

Постои едноставен, природен начин за одбивање на комарците, како што е користење на витамин Б комплекс, посебно Б1 витамин кој има мирис што ги одбива женските комарци кои обично нанесуваат убоди.

– Поради овој витамин, комарците бегаат од децата бидејќи мирисот на потта им е непријатен, а сличен ефект има и белиот лук – тврди Несторовиќ.

Како посебно ефективен начин на одбивање на инсектите го истакнува користењето на копривата.

– Копривата убива сè што постои. Соберете коприва и ставете ја да стои во фрижидерот 5 дена во вода. Со водата испрскајте го домот. Инсектите ќе исчезнат за неколку часа – тврди тој.

Старите растенија како копривата со текот на времето развиле одбранбени системи што ги штитат од вируси, бактерии, габи и други растенија, па затоа се ефикасни.

Ако дојде до убод, чешањето претставува еден од најголемите проблеми, а Несторовиќ како решение предлага уште еден стар рецепт – еозин.

– Еозинот помага да се намали чешањето и да се спречи инфекција. Но, ако се направат пликови, тогаш не треба да се мачка, и на ред доаѓа уште еден стар лек – цинк оксид – маст што ја нарекуваме цинкова маст и која може да се мачка неколку пати дневно бидејќи има антисептичко и антиалергиско дејство – објаснува Несторовиќ.

Оси и пчели

Кога станува збор за осите и пчелите, важно е да се почитуваат одредени мерки. Детето надвор да не носи шарена облека бидејќи тоа ги привлекува овие инсекти, а треба да се избегнуваат и силни парфеми, јадење нешто слатко во природа и никогаш да не одат боси во тревата.

Ако дојде до убодот и ако убодот е само на кожата и ако реакцијата е само на кожата, тогаш тука нема големи опасности, колку и да изгледа опасно. Најголемиот проблем со убодите се системските манифестации, кога детето ќе падне во несвест, тешко дише, се измокри… тешките реакции можат да бидат и опасни по живот и тогаш треба да се посети доктор, советува Несторовиќ. Како едно од најдобрите решенија, д-р Несторовиќ препорачува имунолошка терапија за овие убоди. Се даваат инјекции 2 и пол години и тоа е најдобро решение за алергиски реакции, а ефектот на оваа терапија трае 15 до 20 години.



912

X