Бременоста е магичен период во животот на една жена, но може да биде и еден од најстресните. Кога жената ќе забремени, нејзиното тело поминува низ многу промени. Токму низ овие девет месеци жената развива трпение, разбирање, цврстина и храброст што ѝ се потребни за да се породи. Додека сте бремени, важно е да останете среќни и да не сте под стрес. За да останете позитивни, треба да бидете активни и да имате позитивна мисла. Токму затоа ви нудиме цитати за бременоста што ќе ви го подобрат расположението.

– Секогаш ќе се прашувате дали работите ги правите погрешно, но тоа е она што значи да се биде мајка, да се грижиш толку за некој друг што само сакаш да бидеш што е можно посовршена.

– Бременоста е најмоќната креација – да имаш живот што расте во тебе. Нема поголем подарок.

– Бебето е најголемиот подарок што некогаш ќе го добиете. Кревко како порцелан, ретко како црвен дијамант.

– Породувањето е единствениот состанок на слепо каде што знаете дека ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот.

– Непланирано не значи несакано. Тоа само значи дека животот знаел што ми треба уште пред да знам јас.

– Мајката ги става потребите на своето дете над потребите на нејзиното срце.

– Моментот кога се раѓа детето, се раѓа и мајката. Таа претходно не постоела. Жената постоела, но мајката никогаш. Мајката е нешто апсолутно ново.

– Бебето е доказ дека постои љубов на прв поглед.

Постои само едно убаво дете на светот и секоја мајка го има.

– Бебето ја прави љубовта посилна, деновите пократки, ноќите подолги, заштедата помала и домот посреќен.

– Бебето пополнува место во твоето срце за кое никогаш не си знаела дека е празно.

Извор



912

X