Фотографии од совршени, насмеани семејства, портрети од мажи кои се целосно посветени на децата не се никаква реткост на социјалните мрежи. И би било убаво кога сите оние што ги гледаат тие фотографии се свесни дека сите тие идеални семејства се главно просечни, со сите проблеми и ситуации со кои се среќаваат.

Постои ли магична формула за совршено семејство? За да одговорите на ова прашање, прво морате да утврдите што значи „семејно совршенство“. Како можеме да бидеме среќни и покрај фактот дека сите сме „несовршени“ или не се вклопуваме во „општествениот идеал“?

Брак со две деца: совршено семејство?

Кога ќе видите оглас за фармацевтска компанија, одмори на Кариби или осигурување на автомобил, во повеќето случаи на рекламата е слика од семејство кое се состои од мајка, татко, девојче и момче. Се разбира, сите се среќни, се гушкаат и сите се дотерани. Тоа е концепт на идеално семејство кое ни го продаваат од мали нозе. Тоа е она кон кое, според стандардите на општеството, треба да се стремиме. Затоа луѓето, кога сте во врска, ве прашуваат за венчавка. Ве прашуваат кога ќе се венчате, кога ќе добиете деца. А штом ќе се роди првото бебе, тие веќе сакаат да знаат кога ќе дојде второто. На некој начин со своите прашања сакаат да ве насочат на патот кој го сметаат за „нормален“. Овој стереотип за совршено семејство се наследува од генерација на генерација, нѐ враќа во време кога девојчето помагало во домашните обврски, а момчето на нива.

Да се биде среќно семејство – дали е тоа можно?

За да се дојде до слика слична на онаа во оглас, сите мора да бидат среќни. За многумина постигнувањето среќа во јадрото на домот е невозможна мисија. За други, тоа е цел на која мора да се работи секој ден. А ако секој ден работиме прекувремено, ако немаме време да го посветиме на себеси, ако не излегуваме на вечера или во кино, нашите деца веројатно ќе забележат дека нешто ни недостига.

Како може да имам идеално семејство?

Иако тоа некогаш звучи неверојатно, семејствата што ни изгледаат идеални и среќни, понекогаш не се. Не се такви какви што се прикажуваат на „Инстаграм“ или на некоја друга социјална мрежа. Насмевката на фотографиите не е дефиниција за среќа. А што е навистина среќно семејство? Тоа е исто така дом, засолниште, место на кое можеме секогаш да ги основаме нашите животи, затоа што тие, членовите на нашето семејство, ќе ги разберат нашите грешки подобро од кој било. Тие, исто така, ќе бидат најискрени, нема да се двоумат да ни кажат кога ќе мислат дека грешиме, тие искрено ќе ја делат нашата радост кога во нешто ќе успееме. Да… и ова: добро семејство е она во кое членовите се смеат заедно. Доброто семејство ни ги враќа спомените на првата година од животот, онаа на која едвај се сеќаваме, нѐ потсетува на нашите грешки кога сме биле мали, па никогаш да не ја заборавиме здравата навика и понекогаш сами на себе да си се смееме.

Па така, комуникацијата е од витално значење за секој однос, вклучувајќи ја и онаа во семејството. На овој начин родителите, како и децата, се чувствуваат среќни, ценети, сфатени. Се разбира, ќе има моменти во кои тоа совршенство е невозможно. Ќе морате да работите за да ја вратите таа состојба. Конечно, можеме да кажеме дека најдобрите семејства се оние во кои сите се чувствуваат како дел од една целина, оние во кои радоста и болката се делат искрено, во кои силата лежи во заедништвото и во моментите поминати заедно.

Извор



912

X