Игротека

Постои една многу важна работа што секој родител треба да му ја каже на своето дете

Дали сте слушнале за еден експеримент што пред извесно време бил спроведен во Англија, а се однесува на влијанието на мајчината љубов врз здравјето на детето?

Во експериментот учествувале мајки со своите деца што боледувале од одредени болести. Мајките на болните деца секоја вечер правеле една иста работа. Чекале децата да заспијат и да влезат во активната фаза на сон за на уво да им ги шепнат овие едноставни зборови:

„Те сакам. Се гордеам со тебе. Неизмерно сум среќна што баш ти си ми дете. За мене, не постои подобро дете од тебе“.

Резултатите биле споредени со други деца кај кои била дијагностицирана истата болест, но мајките не им ги кажувале овие зборови. Резултатите покажале дека децата чии мајки им ги шепотеле зборовите заздравиле многу побрзо од другите деца. Тоа е магијата на мајчината љубов, која е секогаш со нас.

Зошто е тоа така и зошто овие деца побрзо заздравиле?

Чувство на интимност – Невозможно е тоа чувство да се спореди со што било друго. Вдишете и кажете им го она што навистина го мислите и работите што нив и вам ви се важни.

Индивидуално време со секое дете – Дневните обврски не оставаат слободно време што родителот би можел да го помине со децата. Но, овие моменти се навистина посебни, особено кога ќе земете предвид дека родителите обично се разнежнуваат кога децата ќе заспијат и тогаш ги стигнува грижата на совест и ги преплавува љубовта кон децата.

Децата се чувствуваат сакано – Постои една важна работа што секој родител треба да му ја каже на своето дете, а тоа е: Дали знаеш дека ако можам да изберам од сите деца на овој свет, јас повторно би те избрал/а тебе? Навистина е важно децата да знаат дека родителите ги сакаат такви какви што се и да знаат дека се посебни.

Можете да пробате различни работи да им ги кажете на децата кога ќе заспијат. Но, клучно за сите овие изрази на љубов е дека не смеете да ги изговарате автоматски. За да работи магијата, мора да бидете искрени.

Не заборавајте да им кажете на своите деца дека ги сакате и во текот на денот. Без некоја посебна причина, онака. Прегрнете ги, бакнете ги, милувајте ги по косата. Ова се моменти што ќе се помнат цел живот.

„Те сакам. Горда сум на тебе. Ти си најдоброто дете за мене и за тато“.

Автор: Олга Валиева

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top