Игротека

Постапката на еден стјуард го воодушеви светот

Во текот на летот од Орландо до Питсбург една мајка не можела да го утеши своето дете, кое непрестајно плачело. Набрзо ѝ пришол стјуард и го одвел детето во задниот дел од авионот.

Она што една љубопитна личност го снимила е причина за радост. Насмеаниот стјуард успеал да го смири детето дувајќи му балони од сапуница.

Освен што го смирил детето, тој при рака имал и марамче за мајката која, исто така, била прилично вознемирена.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top