Последната исплата на надоместокот на породилно отсуство била на 16 април, информираат од Министерство за труд и социјална политика – МТСП. За исплатата на надоместок на плата поради бременост прашавме по реакции на родители кои го користат и велат дека во периодов доцни.

-Последната исплата на правото на надоместок на плата поради бременост, раѓање и мајчинство е направена на 16 април, врз основа на доставена фактура од Фондот за здравствено осигурување. Фактурата за исплатата за овој месец и доставена вчера и постапката за исплата ќе биде реализирана во најкраток можен рок – велат од МТСП.



912

X