На сите ни треба топлината на мајката, нејзиното внимание и љубовта повеќе отколку што било друго во животот. Не постојат многу други работи што ни се потребни повеќе од тоа. Размислете: вашиот прв голем страв е да не ја изгубите неа или да ја немате покрај себе кога ви е потребна. Ако имате отсутна мајка, не постои ништо друго на светот што може да го надомести тоа отсуство.

Во раните моменти од животот ќе се справите со сето она што таа го прави. Ако ве критикува или ве занемарува, веднаш ќе ѝ простите. Во тие ситуации сигурно не се обидувате ниту да прашате што направила. Поверојатно е дека ќе се обвините себеси што сте ја налутиле. А причината за тоа е дека кога сте мали, најмногу се плашите дека таа ќе ве напушти.

Без разлика колку е достапна мајката, секогаш ќе има моменти кога таа нема да биде присутна. Понекогаш мора да ве остави сами, иако се работи за кратко време. На млада возраст сè уште не сме свесни за времето, па не знаеме дали некогаш ќе се врати. Малку по малку, учите да се справувате со тие кратки отсуства, иако изгледаат страшно. Ако поради некоја причина мајката е отсутна поголем дел од времето, не само одвреме-навреме, тоа отвора рана во срцето на детето која никогаш нема да заздрави. Ако мајката е постојано отсутна, емоционалната штета ќе биде толку голема, што може да остави ужасна трага во умот на детето, особено ако тоа се случува во првите шест години од животот.

Отсутна мајка

Некои луѓе доаѓаат до возрасниот живот целосно преплашени од осаменоста. На пример, ако нема никој дома, тие стануваат анксиозни и имаат чувство дека се дават. Ваквите типови луѓе може да бидат и екстремно шармантни. Научиле дека треба да бидат добри и секогаш се однесуваат на начинот на кој луѓето очекуваат. Но, кога се сами, тие се чувствуваат како исплашени дечиња.

Отсутна мајка, исто така, може да биде причината за нарушувања во спиењето и јадењето. Можно е таа да сакала нејзиното бебе да спие и да јаде, па манипулирала со него со тоа што не била присутна цело време. Како да ја тера да плати за нејзиниот долг, иако децата на крајот се оние што плаќаат. Мајката која е отсутна многу и во текот на долги периоди може да предизвика проблеми со анксиозност кај своето дете. Детето ќе се плаши кога таа ќе заминува и кога ќе се враќа, бидејќи нема да знае колку долго ќе остане.

Има и мајки што го користат тој страв за да ги „контролираат“ своите деца. Се закануваат дека ќе ги напуштат своите деца ако не се послушни.

Последиците од отсуството на мајката

Децата што имаат отсутна мајка развиваат одредени типични однесувања кон неа: протестираат, очајуваат и се дистанцираат. Нејзиното отсуство предизвикува да здиват нивните емоции. На крајот, нивниот единствен избор е да ги блокираат љубовните чувства. Некои деца дури почнуваат и да ја мразат мајката поради тоа што имаат чувство дека постојано ја губат.

Отсутната мајка може да создаде дистанцирани, лути и тажни деца. Малку по малку, со нивните души во пламен, тие учат дека треба сами да се справуваат со животот. Тоа е опасна ситуација за деца, па за да преживеат, тие понекогаш ставаат и маска: љубезни се и послушни, или пак насилнички настроени и бесчувствителни… Откако ќе станат возрасни, тешко е да се каже што кријат зад лажниот карактер кој го креирале за да се справат со напуштањето.

Она што децата навистина го губат кога имаат отсутна мајка е нивната доверба во другите луѓе. И нивната надеж дека некој ќе им одговори на потребите, или едноставно ќе ги сака. Поради ова, кога ги сакаат луѓето кога се возрасни, тука често се јавува целосна зависност. Но, врските обично не траат. Можно е да се скептични во врска со нивните врски, или да ги бараат невозможните работи од партнерот. Па, може да се заклучи дека она што го остава зад себе отсутната мајка е лице кое научило да гради односи полни со лутина, анксиозност и најмногу од сè – недоверба.

Извор

 



912

X