Породилното боледување ќе биде продолжено до 31 јули, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. На прес-конференција тој соопшти и дека скринингот на градинките се уште трае, но се очекува наскоро да заврши.

Директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, пак, најави дека по три дена, денеска продолжил скринингот во градинките. Од планираните 2.000 вработени во градинките, досега се тестирани 1.667 лица.



912

X