Речиси секое второ дете на возраст од 7 до 15 години поминува околу 4 часа дневно на интернет или користејќи ја современата технологија. Исто така, истражувањата покажуваат дека децата уште во првата или втората година секој ден користат дигитални уреди.

Во голем број земји низ светот постојат одредени норми и препораки колку време треба децата да поминуваат на дигиталните технологии.

За да ги анимираат децата и да имаат повеќе слободно време за себе и за работата низ дома, родителите често им даваат телефони додека се многу мали. Со текот на времето тоа им станува навика на децата.

Заклучокот од неколку истражувања е дека секое второ дете на возраст од 7 до 15 години дневно поминува околу 4 часа на современа технологија. 70 отсто од родителите сметаат дека тоа е премногу време.

Уште во првата година, наместо играчки, поинтересен е телефонот. Родителите сметаат дека е неопходно децата да се насочат на други работи.

Додека секој ден во светот се водат дебати на темата кога и колку би било најдобро да му се дозволи на детето да користи технологија, многу истражувања покажуваат дека тие имаат негативно влијание, особено кај малите деца.

Истражувачите велат дека се најзагрижени за развојот на децата. Децата, особено под три години, ако постојано седат пред екраните, демонстрираат негативни ефекти во вербалниот развој. Освен тоа, експертите предупредуваат дека децата не добиваат доволно сон, доволно вежби и немаат доволно интеракција со возрасните околу нив. Затоа, мора да запомнеме дека и нашето користење на технологијата прави разлика. Кога гледаме на нашите екрани и телефони, немаме интеракција со нашите деца очи в очи и на тој начин децата учат од нас.



912

X