Мајка на две деца споделила искрено видео на „Тик-ток“ раскажувајќи како го сменила мислењето откако станала мајка во однос на водењето на своето дете на поводник.

Во видеото Клои, позната и како „Едноставна мајка“, признала дека пред да стане родител, им судела на другите родители што користеле поводник за нивното дете. Нејзината реакција претходно била: „Тие се луѓе, а не кучиња!“ Но, сега кога и самата станала родител, нејзините ставови се смениле и сега и таа користи поводник за своите деца.

-Сè за да бидат безбедни. Дали некогаш сум им судела на родителите кои ги држеле своите деца под таква контрола? Да. Не сфаќав колку е страшен светот пред да станам мајка – објаснила Клои како настанала промената.

Тоа ја навело да ја стави безбедноста на своите деца на прво место.

-Сега не ми е гајле колку може тоа да изгледа смешно, ќе направам сè за да ги заштитам децата – рекла таа.

Поводниците за деца се доста контроверзни, но видеото на Клои е споделувано од многуте мајки што не го осудуваат таквото однесување.

„Да не ме држеше мајка ми на поводник, немаше да бидам овде денес“, „Буквално нема ништо лошо во тоа“, „Секогаш велев дека нема да го користам, но сега сум мајка на мало дете и ги разбирам сите што користат поводник“, се дел од коментарите.

@thesimplemum Anything to keep them safe 🤍 #toddlermum #ukmum ♬ original sound – officialworkmemes

А што велат експертите?

Експертите имаат коментари и за поводникот за деца. Така, Брук Спроул, детски терапевт, изјавила дека ниту едно истражување не тврди оти детските поводници предизвикуваат физичка или психолошка штета, па затоа ги смета за добро безбедно решение за родителите на деца со посебни потреби, оние со повеќе деца или оние родители чии деца сакаат да трчаат подалеку, веднаш штом родителот ќе погледне на друга страна.

Педијатарот Бенџамин Хофман, пак, ги советувал родителите да не користат поводници поради ризик од паѓање.

-Како педијатар, не ми е мило да гледам деца на поводници како домашни миленици. Како татко на три деца, свесен сум колку децата можат да бидат брзи, импулсивни и непредвидливи. Она што ме загрижува е дали детето ќе се заплетка во поводникот или ќе се задуши во случај на пад. Лично сум бил сведок како родители силно го влечат поводникот на детето, што резултирало со пад. Загрижен сум за повредите на главата и екстремитетите. Јас како педијатар никогаш не би ги препорачал. Повеќе би сакал да видам дете во количка отколку на поводник – изјави тој.

Сепак, докторката Дебора Гилбоа гледа на поводниците како на креативно решение.

-Алтернативата би била да се остане дома. Ова е одлична работа за дете кое не ги усовршило вештините за слушање на родителите. 99 отсто од мајките и татковците го сакаат најдоброто за своето дете – заклучила таа.

Извор



912

X