Кортни Лестер е мајка на три деца од Кентаки. Еден ден додека пазарувала во „Волмарт“ ѝ пришол странец и ѝ рекол: „Жал ми е за вас, имате полни раце работа со вашите деца“. Коментарот бил толку непријатен, што Кортни одлучила да го сподели на Фејсбук.

– Кога ми го рече тоа, искрено, бев шокирана. Слушнав дека имам полни раце, но да слушам некој да ми вели „дека ме жали“, навистина ми пречи. Се обидов да заборавам додека купував, но колку повеќе мислев на тие зборови, толку повеќе сфатив дека се погрешни. Мојот сопруг ми рече: „Не можам да поверувам дека тоа ти го рече. Навистина е непристојно“. Кога го рече тоа, сфатив дека не реагирав претерано. Имам пријателки што се мајки и сакав своите чувства да ги споделам со нив – вели Кортни за ”CafeMom“.

Во постот оваа мајка искрено ја призна болката што ја поминала како жена.

– Што ќе кажете за тоа што изгубив две бебиња пред да ги добијам последните две деца, па што ако ви е жал, тоа е единствената причина за која треба да чувствувате жалење. Моите деца се мојот благослов. Понекогаш се гласни, не се однесуваат добро. Сепак, вие не сте ја виделе таа нивна страна. Вие видовте млад брачен пар со распеано четиригодишно дете, двегодишно кое мирно седеше во количка и новороденче што спиеше во носилката. Дали тоа е ваша дефиниција дека имам полни раце работа? Мене ми е жал за вас – пишува во нејзината објава.

Понатаму објаснува дека постојат денови кога не може да дочека да дојде време за спиење и дека нејзините деца постојано ја држат за нозе бидејќи секогаш им треба нешто, но никогаш не гледала на својот живот како на нешто непријатно за некој да ја жали.

– Никогаш не се самосожалувам. Дури и во деновите кога децата не ме слушаат, кога имаат тантруми и кога ништо не изгледа како да е доволно добро, никогаш не чувствувам сожалување кон себе и не го очекувам тоа ни од другите. Имам три деца и ако тоа значи дека рацете ќе ми бидат полни со работа, тогаш нека биде така… Ама, ве молам, немојте да ме жалите бидејќи моето срце е исполнето многу повеќе отколку што рацете некогаш би можеле да бидат.

Илјадниците реакции што ги добила на Фејсбук на оваа мајка ѝ покажале дека нема причина да се чувствува лошо бидејќи сите сметаат дека му напишала одличен одговор на странецот, и токму тоа требало да му го каже. Навистина ми беше чест што добив толку позитивни одговори. И сакам луѓето да сфатат дека не е во ред да се даваат такви коментари за големината на некое семејство, освен ако не е нешто позитивно и забавно.

 

 



912

X