Џована Флечер споделила објава со фотографија од својот стомак по породувањето. Нејзиниот позитивен статус допрел до многумина – и родители и оние што не се, па станал вистински вирален хит. Џована е британска блогерка, авторка и актерка мажена за пејачот и гитарист на популарниот бенд „Мекфлај“, Том Флечер. Неодамна го родила нивниот втор син Бади. Ова е нејзиниот статус:

„Пред неколку дена еден странец го впери прстот во мојот стомак, се насмевна и рече – О, гледај, мајката уште го има својот стомак. Тоа беше 11 дена по породувањето. Се шокирав и се насмеав. Но, ги запомнив зборовите. Не застана на тоа и добив уште еден коментар дека моето лице се обесило. Уште повеќе, ме збуни потребата на тоа непознато лице да ги сподели своите мисли. Да, сè уште го имам стомакот. Но, тој стомак чуваше едно малечко момче кое беше безбедно 9 месеци. Тој стомак го исполни мојот свет со уште повеќе љубов отколку што мислев дека е можно. Стомакот е чудотворен… Мојот стомак со време ќе исчезне, но секогаш ќе му бидам благодарна како и на своето тело за сето она што ми го има дадено. Мајки – неверојатни сте – со стомачињата и сè друго“.

фото извор: Giovanna Fletcher/ Facebook

Уште поубава е реакцијата на нејзиниот сопруг Том Флечер:

„Толку сум горд на мојата прекрасна сопруга што го сподели ова. Го сакав нејзиниот стомак кога нашите синови беа внатре и го сакам и сега! Има голем притисок врз жените да го вратат телото во нормала по породувањето и независно од тоа дали се намерно навредливи или не, може да бидат многу штетни. Треба сите – мажи и жени – да ги поддржуваме и да им ракоплескаме на мајките за сето она низ кое поминале низ бременоста, породилните болки и сето потоа. Без разлика дали се работи за природно породување, царски рез, породување во базен, дома, во болница, сеедно каде и како… мајки, неверојатни сте – со стомачињата и сè друго“, напишал Флечер.


Извор



912

X