Додека оваа мајка на две девојчиња живеела во среќно семејство без никакви тешкотии, средината се обиде да направи проблем кој не постои. Затоа оваа мајка одлучи да им се обрати на сите „душогрижници“.

Разводот речиси секогаш претставува предизвик, а особено кога во него се вклучени и деца. Во таква ситуација се нашла и мајката Рејчел Собел, а уште поголеми проблеми настанале кога решила повторно да се омажи.

– Родив уште една ќерка. Старателството на постарата ќерка го делев со првиот сопруг, но девојчињата се зближија уште од првиот ден. Мојата првородена ќерка беше полна со љубов. Се грижев поради разликата од осум години помеѓу нив, но тоа исклучиво беше само моја несигурност, тие навистина се најдобри сестри – напишала во текстот објавен на порталот “Pop Sugar“.

Иако сè било идеално во нивното семејство, проблемите се појавиле надвор од нивниот дом.

– Постојат луѓе што сметаа дека е потребно да ја потсетат мојата поголема ќерка дека бебето ѝ е полусестра. Поради тоа, таа се вознемири. Ме праша што значи тоа и зошто луѓето така ѝ кажуваат. Тоа е навистина вознемирувачко и злобно. Зошто некој има потреба да укажува на нешто што е толку безначајно?

Имено оваа мајка одлучи да не го користи зборот полусестра бидејќи смета дека тие по ништо не се половични.

– Тие се сакаат со целото свое срце. Си играат и се грижат една за друга, како вистински сестри. Секако, немаат ист татко, но тоа никако не влијае врз нивната поврзаност. Овој факт е надвор од нивна контрола и зошто другите не можат да го прифатат тоа – порача Собел.

Таа, исто така, истакна дека секој ден се труди да одржи здрави и силни односи во семејството, и на крајот текстот го заврши со овие зборови: „Моите ќерки се сестри. Точка. Ве молам помислете двапати пред да кажете што било за некој друг бидејќи на крајот од денот ние сме обично семејство, токму како вашето“.



912

X