Сè уште има луѓе кои мислат дека невработените мајки, односно оние што деновите ги поминуваат дома грижејќи се за своите деца и семејството, се на одмор и дека речиси ништо не работат.
Што мисли околината не е толку важно, но тешко е кога партнерите се однесуваат кон овие жени како цел ден да го поминуваат дома лакирајќи си ги ноктите и пиејќи кафе. За среќа, има и други кои ценат сè што прават жените за да го одржат семејството.
Еден таков човек е Бред Кернс, кој во фејсбук-објава ѝ се заблагодари на сопругата за сè што прави за него и нивните три деца, со едно необично писмо, напишано иронично.
Својот пост го започнува велејќи дека имал тежок ден на работа, сериозен состанок и дека морал да патува пет часа.
-Потоа, кога ќе дојдам на работа, морам да седам таму по цел ден и да правам важни деловни работи, да водам важни деловни разговори. Тоа е исцрпувачки. А што прави мојата сопруга за тоа време? Па, речиси ништо..
Сè што треба да направи е да ги разбуди двете момчиња, да ги облече и да ги нахрани додека го дои третото дете. Потоа ќе треба да ги однесе во паркот за да потрошат малку енергија. Нели е тоа лесно? Сè што треба да направи е да им ги спакува ранците, да најде капи, да спакува грицки, да подготви резервна облека и да ја внесе во автомобилот.
Потоа, додека се таму, таа ќе мора повторно да го нахрани бебето бидејќи така функционираат бебињата. Без да го пушти бебето од раце, ќе мора да разговара со момчињата, да ги симнува од лулашките и да ги забавува за да не им биде досадно. Навистина е лесно. Потоа ќе дојде дома да им даде ручек, а тие веројатно нема ни да го изедат. Потоа, додека се обидува да ги поттикне да се одморат, таа ќе направи малку онлајн шопинг. Намирници… каков живот. Глупости, кој не би отишол во продавница со три деца?
![](https://deca.mk/wp-content/uploads/2024/12/mother-using-vacuum-cleaner-side-view.jpg)
Без сомнение во попладневните часови ќе сакаат да ги возат своите велосипеди, скутери, автомобили, да трчаат надвор. Веројатно ќе седне со нив и повторно ќе го нахрани бебето. Во четири попладне ќе станат уморни и нервозни. Таа ќе се расправа со нив за глупави ситници како „Не удирај го брат ти“.
Околу пет ќе сака да знае каде сум и кога ќе се вратам. Намирниците требаше да стигнат, а момчињата полудуваат. Бебето сака повторно да го земе в раце и мора повторно да го надои, а потоа следува вечерната рутина. Веројатно ќе ѝ одговорам дека ќе ѝ се јавам затоа што сум презафатен.
Ќе приготви вечера, ќе ги гледа како јадат, ќе ги капе, ќе ги облече за спиење, сето тоа за еден час, со една рака, бидејќи го држи бебето. Исцрпена од обврските и немајќи ни секунда време за себе, пак ќе ми се јави да види каде сум. Ќе биде уморна, ќе мириса на фрустрација. Ќе биде нервозна, само ќе сака да се истушира и да испие шолја топол чај – пишува овој татко кој иронично додава: „На крајот веројатно ќе морам да зготвам вечера. Како што реков, имав навистина тежок ден“.
За среќа, сето она што Бред го напишал дека неговата сопруга го прави е за да нагласи колку е сето тоа важно и тешко, а на крајот додава и една забелешка: – Ти благодарам, душо, за сè што правиш за нас. Ти си таа што го одржува нашето семејство.
912