Игротека

Порака до сеирџиите: „Моето дете не е разгалено!“

Џен Четмен од Квебек, Канада, почувствувала потреба на својот фејсбук-профил да сподели отворено писмо упатено до оние што присуствувале на нападот на паника на нејзината ќерка и ја осудувале дека е лоша мајка.
„Драг господине, гледавте како мојата осумгодишна ќерка вреска, скока, плаче и ме прашавте дали ми е потребна помош. Ви благодарам за тоа. Ѝ благодарам и на госпоѓата што гледаше како стојам и во шок и неверување ја гледам сцената и ме праша дали ми треба помош. А што се однесува до другите педесетина луѓе што стоеја и немо гледаа, ви благодарам што ништо не рековте. На другите педесетина што ме осудуваа затоа што ништо не преземам, вам ви се обраќам“.
Така Џен Четмен го започнува своето отворено писмо на „Фејсбук“, а повод е осудата од непознати луѓе во трговскиот центар по сцената што ја направи нејзината ќерка.
„Видете, мојата осумгодишна ќерка има посебни потреби. Меѓу другото, страда и од анксиозност. Постои неточно уверување дека само возрасните страдаат од анксиозност, таа всушност се развива од најрана возраст. Еби, мојата ќерка, ужасно се плаши од животни. Од сите животни, но најмногу од кучиња. Вчера виде куче во трговскиот центар и целосно се изгуби.

Трчаше, плачеше и врескаше без идеја каде трча, само се обидуваше да побегне. Зошто не се обидов да ја задржам? Затоа што знаев дека ништо нема да постигнам и дека е најпаметно да останам смирена. Колку сум посмирена, барем тоа го научив, побрзо ќе се смири и таа. На набљудувачите отстрана им личев на грозна мајка која мирно гледа додека детето ѝ вреска.
Тоа ви го гледав во очите – ме осудувавте и бевте згрозени. Никој од вас не знае за стравот и паниката што вчера ги почувствував во трговскиот центар. Можев само мирно да стојам и да се надевам дека нашите погледи ќе се сретнат и дека таа ќе се смири.
Таа оди кај психијатри и психолози. Оди на терапија за говорот, а психијатарот дава сè од себе сè уште да не ѝ препишува лекови. Благодарна сум му за тој конзервативен пристап.
А на сите други што ми дофрлаа дека ќерка ми е невоспитано детиште, а јас сум „мрзлива кучка“ која не сака да му се посвети на детето, со оваа фотографија сакам да ви порачам колку грешите и да ве наведам следниот пат пред да осудувате двапати да размислите“.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top