Воспитување

Поради временските непогоди, викендов паднал таванот во две простории во градинка во Тафталиџе


Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, изутрината беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал таван од гипс-картон во две простории, а во уште една е оштетен.

– Ја утврдуваме причината, најверојатно се работи за технички проблем. Веројатно олуците не биле исчистени, поради што дошло до нивно затнување. Имајќи предвид дека станува збор за скриен покрив, водата прелила преку олукот врз изолацијата, која натежнала на плафонот од просторијата кој е изработен од гипс-картон – изјави Јакимовски по извршениот увид.

При увидот, истовремено биле забележани и некои технички пропусти при градбата на објектот. Од тие причини градоначалникот побара да се проверат проектите, понудата и завршните ситуации, по што ќе бидат објавени дополнителни информации во врска со случајот, информираат од Општината.

Извор: МИА

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top