Игротека

Поради постапката на една мајка, ја затвориле најпопуларната плажа на Филипини

Необичен инцидент се случил на плажата „Боракеј“ на Филипините, која од година на година станува сè попопуларна како туристичка дестинација. Имено, на интернет се проширила снимка на која мајка од Кина во плитката вода ги пере интимните делови на своето дете, додека друга жена закопува валкана пелена во песокот.

Како што пренесува Би-би-си, 100 метри од споменатата плажа, поради таа постапка, биле затворени за јавноста за да се пронајде пелената, да се отстрани и на крајот да се тестира чистотата на водата. Дури по 72 часа повторно било дозволено капење на плажата.

Бернадет Ромуло-Пујат од Одделот за животна средина и природни ресурси на Филипини најавила дека жената од снимката ќе биде прописно казнета и покрај тоа што сè уште не го знаат нејзиниот идентитет.

Интересно е дека во текот на минатата година островот Боракеј за туристите бил затворен дури шест месеци, поради загриженост на власта за животната средина.

Автор: К.П.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top