Жена од Ајдахо, која во 2019 година се согласила да биде сурогат-мајка на кинески пар, поради пандемијата, сè уште се грижи за бебето, 10 месеци по породувањето. Биолошките родители очајно се обидуваат да ги надминат сите административни и епидемиолошки пречки за да го добијат девојчето.

Во повеќето европски земји сурогат-мајчинството е нелегално и има голема полемика околу правата на сурогат-мајката, а повеќето сметаат дека тоа е продажба на телото. Но, во САД, во повеќето држави, тоа е легално, па дури има и агенции кои наоѓаат сурогат-мајка, на која ѝ се плаќа одредена такса и ѝ се покриваат трошоците. Но, во моментот кога ќе се роди бебето, поради емоционалната состојба на сурогат-мајката, биолошките родители веднаш почнуваат да се грижат за бебето, а мајката си продолжува со животот.

Затоа, во државите каде што сурогат-мајчинството е легално, многу жени се одлучуваат за улогата на сурогат-мајка. Поради пандемијата, некои процедури се тешки, особено за биолошките родители кои живеат во земји со потешки ограничувања поради пандемијата или каде што сурогат-мајчинството е нелегално, како што е Кина.

Емили Крислип, како сурогат-мајка, родила девојче на 20 мај 2020 година, но поради ограничувањата за патување во други земји, бебето сè уште е со неа и со нејзиниот сопруг Брендон. Иако Емили и Брендон имаа можност да го остават бебето со дадилка ангажирана од агенција за сурогат-мајчинство, тие одлучиле да се грижат за него.

– На почеток мислевме дека детето ќе биде со нас само четири недели, но времето се одложи и не сакавме да го оставиме на непознати луѓе – изјави 25-годишната Емили.

Сега, 10 месеци по породувањето, семејството и понатаму се грижи за девојчето, а неговите родители се обидуваат да најдат начин да го земат. Емили вели дека животот со бебето станал секојдневие за нив и дека се надеваат дека родителите ќе можат да го земат девојчето пред првиот роденден.

Емили со сопругот Брендон го има 3-годишниот син Камден, а кинескиот пар ја избрал за сурогат-мајка во септември 2019 година. Првичниот план бил родителите да патуваат во Америка пред да се роди бебето и подоцна да го однесат во Кина.

Извор: Facebook

– Требаше да присуствуваат на породувањето, па резервираа соба во болницата за да бидат со бебето – објаснува Емили.

Но, со избувнувањето на пандемијата, поради административни и епидемиолошки проблеми, родителите биле спречени да одат во САД за да ја земат својата ќерка.

Емили истакнува дека е емоционално тешко да не се поврзе со детето за кое се грижи, а нема да остане со него.

– Мојот сопруг обожава деца и нему ми е особено тешко да биде емотивно дистанциран. Проблемот е што и нашето тригодишно дете е приврзано со девојчето и ќе му биде тешко кога биолошките родители ќе си го земат – вели таа.

Сакајќи да го забрза процесот за преземање на детето, Емили се обратила до канцеларијата на сенаторот на Ајдахо, Џим Рич, а неговиот тим веднаш почнал да работи на пасош и виза потребни за девојчето да дојде до своите родители.

Емили додава дека повеќе нема намера да биде сурогат-мајка освен за истото семејство од Кина бидејќи низ сите бремености и тешкотии поврзани со преземањето на детето, тие останале блиски пријатели.

Извор



912

X