Воспитување

Поради оваа причина паровите сè почесто се караат на годишниот одмор

Годишниот одмор е време кога се одмараме и ги полниме батериите по цела година помината во работа. Барем така треба да биде. Но, половина парови наместо да се опуштат и да се забавуваат, се расправаат и тоа поради оваа причина.

Без оглед каде ќе патувате, на море, во планина или на некоја далечна, возбудлива дестинација, одеднаш сте 24 часа заедно. Покрај тоа што тоа е доволна причина за расправање, во целата приказна сè почесто се вклучува работата што се решава со мобилниот телефон.

Само уште еден мал, краток разговор со шефот или прегледување на донесените документи – ова се само некои од можните извори за конфликт. Тоа е разбирливо бидејќи годишниот одмор е тука да се опуштиме и одмориме, а кога партнерот постојано се занимава со работата, тогаш ниту другиот партнер не може навистина да се опушти. Направете ѝ услуга на вашата врска и во текот на одморот оставете ја работата дома.

Компромисно решение

Ако баш морате секојдневно да извршите некој дел од работата, поставете си правила и држете се до нив. На пример, дајте им до знаење на колегите дека сте на одмор и кажете им дека можат да ве контактираат само во итни ситуации. Може да ви испратат е-порака, но не и да ви се јават. Или можете само еднаш дневно да ги прегледате е-пораките и тоа во одредено време.

Сличен проблем може да имате со партнерот и ако постојано висите на интернет и читате вести или сте на социјалните мрежи. Партнерот и децата за тоа време може да се чувствуваат осамени и недоволно важни, што повторно е причина за расправија. Затоа, обидете се мобилниот телефон да го користите што помалку, без оглед дали за сурфање или работа и посветете му се на семејството. Ќе ви годи.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top