Даниел Шерман-Лазар е застапник за ментално здравје, популарна блогерка и мајка на три ќерки. Во нејзината фејсбук-објава опишува што треба мајките да ги научат нивните ќерки.
– О, ќе имаш девојче? Ќе ти требаат многу светки, принцези и панделки.
– Обиди се повторно.
Затоа што она што навистина ѝ треба на една мајка на девојче е многу сила.
Затоа што имаме огромна одговорност да воспитаме девојчиња во овој свет.
Треба да се погрижиме таа да биде безбедна и да го има ставот: „Да, јас можам“.
Да се восхитуваме на нејзиниот силен карактер, а ако го нема, да ѝ ги дадеме алатките што ѝ се потребни за никогаш да не се плаши да го користи својот глас за да се бори за себе (кога станува збор за соученик, за партнер, за иден работодавец, за кого и да е) и за другите.
Да ја пронајдеме нејзината страст за да не биде вовлечена во женската драма со нејзините пријателки.
Да ја охрабриме да ризикува, да трча и да вреска од возбуда бидејќи тоа е живеење.
Да добиеме прегратка кога сме тажни, бидејќи таа знае дека добрината е супермоќ.
Да се увериме дека нема да се плаши да си ги извалка рацете бидејќи животот е прилично хаотичен.
Да се увериме дека никогаш нема да престане да јаде сладолед.
Да се увериме дека знае колку вреди и која е, а не како изгледа и колку е тешка.
Да се увериме дека ќе ги поддржува другите девојчиња и ќе знае дека сестринството треба да биде полно со љубов и почит.
Да ѝ укажеме дека нејзиното ментално здравје е најважно и дека никој не е совршен. И дека барањето помош кога ни е потребна е храбра постапка.
Да, таа ќе се сомнева во себе, но ќе знае како да го надмине тоа. Па, затоа погрижи се да имаш мотивација, принцези-воини и ласо-панделки.
Втор обид:
– Ќе имаш девојче? Ќе ти треба многу голема сила.
– Вака е многу подобро.
Поради нашите ќерки, ние ќе ја добиеме таа сила и со тоа ќе станеме подобри жени.