Околу 67 милиони деца во светот делумно или целосно ги пропуштиле редовните вакцини на глобално ниво помеѓу 2019 и 2021 година поради заклучувања и нарушувања на здравствената заштита предизвикани од пандемијата на квид-19, соопштија ОН.

– Повеќе од една деценија тешко стекнати придобивки во рутинската имунизација во детството се еродирани – се вели во новиот извештај на агенцијата за деца на ОН, УНИЦЕФ, додавајќи дека враќањето на вистинскиот пат ќе биде предизвик.

Од 67 милиони деца чија вакцинација беше сериозно нарушена, 48 милиони целосно ги пропуштија редовните вакцини, соопшти УНИЦЕФ, истакнувајќи ја загриженоста за потенцијалните епидемии на полио и сипаници.

Вакцинација кај децата се намали во 112 земји, а процентот на вакцинирани деца во светот се намали за 5 поени, на 81 процент – ниско ниво што не е забележано од 2008 година. Африка и Јужна Азија беа особено погодени.

– Загрижувачки е тоа што назадувањето за време на пандемијата дојде на крајот на една деценија кога, генерално, растот на имунизацијата во детството стагнираше – се вели во извештајот.

Извор: МИА



912

X