Строгите мерки за спречување на новиот коронавирус присилиле 10 отсто од паровите во Индонезија да престанат да користат контрацепција.

Тоа што во текот на пандемијата не можеле да дојдат до контрацепција би можело да резултира со 420.000 бремености, вели Хасто Вардојо, шеф на владината агенција за планирање семејства.

Владата проценува дека во март и во април 3 милиони парови не користеле заштита и дека 15 отсто од нив би можеле да станат родители.

– Со 420.000 новороденчиња следната година, растот на населението би можел драматично да се зголеми. Ако планирате да забремените, сега е вистинското време да го сторите тоа – истакна Вардо.

Секоја година во Индонезија се раѓаат речиси 5 милиони деца, а 28 милиони парови користеле заштита минатата година, покажуваат владините податоци.

Здравствените власти во Тасикмалаја во Западна Јава објавија дека бројот на бремености е двојно зголемен од јануари до март во споредба со истиот период во 2019 година.

Властите соопштија дека почнаа да испраќаат персонал од врата на врата за да им достават разни видови контрацепција на оние што сакаат да ја користат.

95 отсто од корисниците на контрацептивни средства во Индонезија се жени, додека мал број мажи користат презервативи.

Извор



912

X