Здравје

Популарните третмани за болка при никнувањето на запчињата може да се опасни

Кога на бебето ќе му никнат заби, родителите се подготвени на сѐ и често бараат совет како да ја ублажат болката. Сепак, многу производи што се вообичаен избор во вакви ситуации можат да бидат штетни, па дури и опасни за здравјето на детето, предупредуваат детските стоматолози. Затоа, обрнете внимание ако му давате на вашето бебе нешто за да го ублажите болното никнување на забите, а овие популарни методи во никој случај не се добар избор:

Бело вино – сигурно сте наишле на совет дека ова е најдобриот начин да ја потиснете болката. Сепак, дури и мала количина алкохол, ако се втрие само на болното место, може да влезе во крвотокот на вашето мало бебе и да доведе до потенцијална опасност од интоксикација, односно труење.

Гелови за заби – исто така вообичаен избор за родителите, но не заборавајте да ги избегнувате оние со бензокаин во нив. Овој тип на третман може да предизвика сериозни несакани ефекти, како што е вкочанетост во задниот дел на грлото, бидејќи бебето секогаш голта малку од гелот, што може да предизвика тешкотии при голтањето.

Хомеопатски таблети – природна варијанта не значи дека е безбедна. Нема докази дека овие апчиња се штетни, но задолжително прочитајте ги упатствата бидејќи доколку содржат беладона, може да бидат опасни за бебињата бидејќи таа состојка има халуциногено дејство.

Кажете им „не“ на килибарните ѓердани – нема докази дека овој популарен ѓердан го намалува болното никнување на забите, но секако може да претставува потенцијален ризик од задушување и давење бидејќи се става околу вратот на бебето.

Сигурно се прашувате што можете да му дадете на вашето бебе ако овие производи се ризични. Стоматолозите препорачуваат масирање на непцата на бебето со студена вата, играчки за гризење (чисти), а ако болката е многу силна и интензивна, може да се даде лек во помала доза, по консултација со лекар.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top