Колку пати сте се нашле во ситуација, покрај толку обврски, грижата за бебето и малите деца и домашните работи, да ви е потребна пауза? И тоа не само пауза пред телевизор или компјутер, туку еден вистински краток одмор надвор од домот, со пријателите, со многу смеа и добро расположение…

Иако бескрајно ги обожаваме децата, семејството, својот прекрасен дом, некогаш е потребно малку да се разбие секојдневието и да се излезе од рутината која непрестајно се врти во круг. А кој тогаш најмногу може да помогне – се разбира, пријателките!

Тие се вистинскиот двигател кога ќе стане напорно, кога сме изморени и затрупани со обврски. Нè извлекуваат надвор тогаш кога најмногу ни треба и нè водат таму каде што најмногу сакаме да бидеме – во топлата атмосфера на омиленото кафуле, особено во овие зимски денови. А од таа партија смеа, забава, зборување, поддршка, совети и што уште не, дефинитивно не можеме да го изоставиме она што особено нè усреќува во тие моменти – шолја кафе. Дополнителна енергија и исполнетост доаѓа од секоја голтка од омилениот пијалак во кој максимално уживаме. Доволно за повторно да ги наполниме батериите и среќни да продолжиме со своите животи.

А дали сте знаеле дека дружењето со пријателките е особено корисно? И тоа не само за вас, туку и за вашето бебе. Да, добро слушнавте! Истражувањата покажале дека тоа поволно влијае врз мозокот на бебето. Децата чии мајки имале поголема поддршка од пријателите имале подобри резултати на когнитивните тестови. Затоа, дружете се. Ќе бидете посреќни, полесно ќе му се вратите на својот секојдневен живот и знаете што – ќе го обожавате.

Спојте го убавото и корисното – тоа е рецептот за среќни мајки и здрави бебиња!

Извор

 



912

X