Воспитување

Попатни приказни: Во скутот на Дедо Мраз

Утрово во потрага по единствениот клуч од автомобилот наидов на познатата фотографија „плаче во скутот на Дедо Мраз“, во длабочините на фиоката. Повеќето од нас и нашите деца имаат такви фотографии од детството. Набрзина ја спуштив фотографијата на комодата и продолжив да копам по фиоките надевајќи се дека клучот ќе се појави наскоро.

-Зошто плачам кај Дедо Мраз? Не добив подарок таа година?, праша зачудено гледајќи ја фотографијата.

-Доби, но откако те фотографираа. Во тој момент сè уште не знаеше дека те чека подарок.

-Но знаев дека сум со Дедо Мраз? Баш сум будалест!

-Знаеше дека си кај Дедо Мраз, но не знаеше кој е тој.

Анализирањето на фотографијата веројатно би траело уште еден час, како и секоја друга „анализа на животот“ со него, но на првиот звук на ѕвечкањето на клучот се упатив кон вратата и го оставив детето зад себе, со фотографијата в раце.

Три часа по таа сцена и два ужасно долги часа поминати во болничката чекалница, со солзи во очите втрчав во станот мислејќи дека децата веќе отишле кај баба и дедо и дека можам во мир да плачам, без страв да не ги вознемирам.

Сепак, тој ме чекаше на вратата. Во раката имаше длабоки зимски чевли кои не може сам да ги облече, а во една од чевлите беше преклопена фотографијата од расплакано момче во скутот на Дедо Мраз.

-Зошто плачеш, мамо?

-Затоа што се растажив.

-Можеби не си се растажила, едноставно не си знаела дека си отишла да го видиш Дедо Мраз?

-Каков Дедо Мраз?, промрморев во себе додека се борев да го тргнам зимскиот капут од моето болно рамо.

-Па, можеби и ти како мене плачеш без причина. Можеби има причина, но еден ден како мене ќе сфатиш дека всушност си била кај Дедо Мраз и дека залудно си плачела затоа што цело време те чекало пакетче, а не си знаела. Ако не ми веруваш, погледни ја оваа моја фотографија. Сепак, тоа ти го кажувам јас, јас плачев во скутот на Дедо Мраз.

Автор: Ивана Милиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top