Воспитување

Понекогаш и прашањето „Како го помина денот?“ може да го оддалечи детето

Понекогаш дури и едноставно прашање, на пример: „Како го помина денот?“ може да го оддалечи детето од родителите. Кога се премногу оптоварени, дајте им момент за одмор, а потоа сами сè ќе ви кажат.

Дозволувате расположението да ви влијае врз односот со детето

Тоа не значи дека треба да ги сокривате емоциите од децата, но морате да знаете како да управувате со нив и како подобро да се справувате со стресни времиња. Иако можеби мислите дека децата се премногу млади за да препознаат како се чувствувате, тие може да бидат многу чувствителни на расположението на родителите.

Правите нешто друго додека се обидуваат да ви кажат нешто важно

Децата не се секогаш расположени за разговор. Но, кога ќе ви пријдат, потребно им е целото ваше внимание. Инаку ќе мислат дека не се приоритет и дека не ви се важни, што може да ги доведе до тоа во иднина да ги чуваат своите емоции. Затоа, кога детето ќе ви дојде со нешто важно што сака да ви го каже, престанете со она што го правите, воспоставете контакт со очите и целосно вклучете се во разговорот.

Упорно ги испитувате за нивните проблеми

Ова може да ги изнервира и да ги натера самите да ги решат своите проблеми. Сите на различни начини се справуваме со стресот, а децата не се исклучок. Затоа, наместо да ги терате да ви кажат нешто што не сакаат, обидете се да им поставувате помалку директни, ненаметливи прашања.

Не ги сфаќате сериозно нивните проблеми

Сфатете го детето сериозно, дури и кога неговите чувства или реакции ви изгледаат глупаво.

Им кажувате на другите нешто што детето ви го доверило

Ако на своите пријатели или на семејството им кажувате нешто што детето ви го кажало во доверба, тоа може да го натера во иднина да ги крие своите тајни. Исто така, тоа може да ги повреди неговите чувства и да ги претвори во тегоби.

Веднаш го прашувате како му поминал денот

Кога малите деца се премногу оптоварени, не можат да покажат зрелост. Најдобар начин да откриете како им поминал денот е да им дадете момент за релаксација и тие самите ќе дојдат кај вас. Друг начин да ги натерате на разговор е прво да им раскажете за својот ден.

Не реагирате добро кога ќе покажат знаци на независност

Нормално е и здраво децата да бараат повеќе слобода. Кога тоа ќе се случи, родителите тоа обично го доживуваат како недостиг на почит или како губење контрола над децата, што може да доведе до уште поголема контрола. Наместо да поставувате построги правила, дозволете им самите да донесат некои правила и гледајте како се справуваат со одговорностите.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top