Понекогаш бременоста не е лесна, знае да биде многу напорна и трае долги 9 месеци. Затоа, ако сте бремени и не ви е сѐ розово, прочитајте го ова:

Ако сте бремени, имате право на цела плејада од добри, лоши и недефинирани чувства. Сепак, во себе носите живот за кој не е лесно да се биде добар дом долги 9 месеци. Ако сте бремени:

Имате право на добра и бесплатна здравствена услуга.
Имате право да се чувствувате лошо.
Имате право да имате повеќе лоши денови одеднаш.
Имате право да се чувствувате неподготвени.
Имате право да бидете несигурни.
Имате право да не уживате во бременоста.
Имате право да бидете фрустрирани.
Имате право да бидете незадоволни со своето тело, но и да бидете задоволни.
Имате право да не сакате да зборувате за бебето, за сѐ што ве очекува или за имиња.
Имате право да бидете малку лути.
Имате право да седнете во автобус или воз.
Имате право да плачете.
Имате право да бидете лошо расположени.

Бременоста не е секогаш розова

Ако сте бремени, целиот ваш свет се менува, и тоа е во ред. Иако сите се трудат да ја прикажат бременоста како совршена блажена состојба, тоа е далеку од вистината. Можеби не сте сакале баш во тој момент да станете мајка или можеби имате висок крвен притисок, па не можете да правите сѐ што сте правеле до вчера. Тоа е во ред, бидејќи ниту една бременост не е совршена.

Но, ако навистина се чувствувате лошо, можеби е време за разговор со стручна личност која ќе ви помогне да ги доведете во ред вашите чувства за да го дочекате породувањето мирни и среќни.

Извор



912

X