Децата многу поинаку размислуваат од возрасните, имаат посилни емоции и се многу поискрени. Токму поради тоа, треба да се размисли за многу работи пред да тргнат во градинка.
Секое дете различно реагира на запишувањето во градинка и не постои шема по која треба да се однесувате, но некои работи се основни.

Бидете искрени

Како што искреноста се почитува кај возрасните, така е и со децата. Разговарајте за тоа зошто е потребно да оди во градинка и наведете ги позитивните страни на градинката. Исто така, имајте предвид дека секое дете не се приспособува на ист начин и со помош на воспитувачите тој процес може да биде побрз.

Очекувани реакции од детето

Секое дете различно реагира на нова средина и на нови луѓе. Многу е важно за почеток да биде во добар однос со воспитувачите. Тие се меѓу вас и вашето дете во текот на престојот таму. Кажете му дека го оставате во сигурни раце. Ако покажете дека сте несигурни, тоа може негативно да влијае врз детето.

Детето можеби ќе плаче, ќе се тркала по подот, ќе одбива да јаде или слично, но не смеете да го прекинете приспособувањето. Ако непрекинато плаче со денови, немојте никако да го оставате кај неговите баба и дедо затоа што би можеле да постигнете контраефект.

Што треба вие да направите?

Она што како родител би можеле да го направите е да доаѓате навреме по него. Секогаш слушнете што има да ви каже за изминатиот ден. На тој начин се создава рутина која ќе ви помогне да ја разберете целата организација, но и вашето дете, и тоа сѐ повеќе секој ден. За полесно да се приспособи на градинката, играјте ги дома игрите што ги игра таму.



912

X