Нашите деца имаат потреба од вештини за справување повеќе од кога било. Како доживотен застапник на природни лекови и како мајка на три деца, ви нудам неколку методи за зајакнување на нивното ментално здравје.

Со оглед на тоа дека сум мајка на три деца, знам дека е тешко и стресно време за семејствата. Родителите мора да најдат начини да ги поддржат своите деца особено во период кога се зголемени чувствата на несреќа и тага.

Иако секое дете е единствено и не постои единствен пат кон градење на овие вештини успешно, одеднаш, постојат здрави навики и активности што можат да поттикнат подобрено чувство на благосостојба.

Ова се едноставни начини за поддршка на менталното здравје на нашите деца и нивно зајакнување со алатки за саморегулација во тешки периоди.

Фокусирајте се на исхраната

Разговарајте со децата за тоа како се поврзани нашето тело и нашиот ум. На пример, можете да кажете: „Мозокот и телото треба да работат заедно за да направат ти да се чувствуваш подобро“ или „Во здраво тело, здрав ум“. Ова им овозможува на децата да ги поврзат телото и умот.

Разбирањето на односот помеѓу телото и умот, исто така, ја утврдува важноста на негување и со природна храна. Постои причина зошто средината ни дава одредена храна во различни сезони.

Научете ги децата на техники за дишење

Вежбите за дишење се алатка што може да биде навистина корисна за справување кога децата се вознемирени. Обидете се да воведете техники за дишење кога вашето дете е расположено и направете го тоа забавна активност повикувајќи се на креативни слики. Без разлика дали замислува торта со свеќи што треба да ги дувне или поле со миризливи цвеќиња, дозволете му на вашето дете да експериментира со она што најмногу му одговара. А кога ќе се појават непријатни чувства, помогнете му на детето да се потсети на убавата сцена и да се фокусира на дишењето и медитирањето.

Направете семејна плеј-листа

Науката одамна има докажано дека пеењето може да го намали нивото на стрес, па добро би било да создадете плеј-листа за целото семејство. Тоа може да биде колекција на популарни хитови или класици; важно е вашето дете да биде вклучено во изборот на песните. Со плеј-листата ќе можете да го подобрите расположението, а музиката може да ви помогне да ги подготвите вашите деца пред спиење, така што испробаната листа со песни може да создаде рутина што ќе го олесни активниот ум и полесно ќе премине во режим на спиење.

Поттикнете ја уметноста

Експерсивните уметнички вежби може да го подобрат менталното здравје. Обидете се со детето да нацртате „чувства“. Прошетката на отворено, исто така, е можност за собирање ливчиња и стапчиња од кои можете да направите колаж или да фотографирате некоја слика што подоцна ќе ја нацртате дома. Овие активности ќе го исполнат попладнето без вклучување екрани, што секогаш е бонус.

Пишувајте дневник заедно

Ако вашето дете не е по уметноста, тогаш пишувањето дневник е еден од начините што ја подобруваат менталната благосостојба, помагајќи да се намали стресот, детето полесно да се справи со анксиозноста и со депресијата. Дозволете му на вашето дете да ги диктира темите.

Бидете пример

Запомнете дека нашето расположение влијае врз другите околу нас, така што ќе му помогнете на детето да се расположи ако и вие ги примените истите совети.

Сето тоа е процес. На нашите мозоци им е потребна пракса, исто како и на нашите тела. Позитивниот начин на размислување е вештина и додека вежбаме вежби за медитација, доброто расположение полесно ќе доаѓа и ќе ни овозможи подобри доживотни вештини за справување.

Автор: Ири Селкирк
Извор



912

X