Кога пандемијата на коронавирусот го погоди светот, милијарди деца престанаа да одат на училиште. Со овој чин тие беа отсечени од другарите и од најблиските и престанаа да ги извршуваат секојдневните активности.

Сега, пред почетокот на новата учебна година, децата се соочуваат со „новото нормално“, што може да биде многу стресно и невообичаено за нив. За полесно да ја почнат новата учебна година и да одат на училиште со маски, потребно е да разговарате со нив и да ги подготвите.

1. Редовно прашувајте ги што мислат дека се случува со коронавирусот

Разговорот со вашето дете за она што го знае (или верува дека го знае) за пандемијата е клучен прв чекор кон разбирање каде емоционално се наоѓа. Дали има работи што ги слуша и се плаши од нив, а не се точни? Дали има работи што ги слуша и се плаши од нив затоа што се вистинити? И, како можете да го решите тоа?

Ако вашето дете каже или праша нешто на што нема одговор или вие немате одговор, бидете искрени. Кажете му дека заедно ќе барате точни информации и уверете го дека не е само.

Исто така, родителите треба да обрнат внимание на какви било физички, емоционални или социјални промени што ги забележуваат кај своите деца. Типични работи што треба да се бараат се значително зголемување на телесната тежина или губење на тежината што не е поврзано со нормалниот развој, одбивање на долгогодишните пријатели, социјално повлекување.

2. Помогнете им да ги препознаат своите чувства

Емоционалната интелигенција е научена вештина базирана врз способноста на лицето да препознава чувства. Родителите можат да им помогнат на своите деца во ова. Можете да почнете да го практикувате ова дури и ако децата се мали. Играјте: црвена за лутина, сина за тага, зелена за мир и жолта за среќа.

3. Изградете однос на доверба со нивните наставници

Еден лесен начин емоционално да го поддржите вашето дете е да му помогнете да се чувствува безбедно и поврзано со неговата училишна заедница. Контактирајте со наставникот на вашето дете и претставете се.

Повеќе од кога било е важна отворената комуникација со наставниците на вашето дете.

4. Дружете се со нив најмалку пет минути на ден

Родителите понекогаш не сакаат да го слушнат овој совет затоа што на крајот од долгиот, исцрпувачки ден едноставно сакаат да си легнат. Но, дружењето со децата најмалку пет минути на ден ќе им значи многу. Направете нешто за вашето дете и обидете се да се поврзете со него.


5. Потсетете ги на работите што можат да ги контролираат

Многу деца се борат со многу проблеми и сите имаат многу прашања. Тие не знаат кога училиштето и сите други работи ќе се вратат во „нормала“, не знаат кога ќе можат да ги видат баба и дедо и слично.

Родителите можат да помогнат насочувајќи ги кон она што во моментов можат да го контролираат. Можете да контролирате работи како миење на рацете и носење маска. Вие треба да бидете пример за вашите деца во овие тешки моменти, па затоа треба да ја следите здравата рутина за спиење, јадење здрава храна, физичка активност и слично. Исто така, се препорачува одржување на пријателствата, а ако не е можно во живо, тогаш преку интернет.

Извор



912

X