Дрвјата се многу важни за глобалното здравје – тие го обезбедуваат кислородот што го дишеме. Покрај тоа, дрвјата може да бидат многу влијателни за нашето индивидуално здравје, и ментално и физичко. Новото истражување објавено во „Нејчр састејнбилити“ откри дека децата на возраст од 9 до 15 години што поминале значајно време околу дрвја имале многу придобивки.

Истражувањето следело 3.568 ученици во Лондон. Ги следело когнитивните перформанси и менталното здравје во раните адолесцентни години. Децата што поминувале време во шума покажале подобри когнитивни перформанси и подобро ментално здравје во споредба со нивните врсници што не оделе често во шума.

Интересно е што времето поминато во тревни или езерски области не обезбедило исти придобивки како шумите. Резултатите покажале дека дрвјата може да бидат заштитен фактор за децата додека растат.

И други студии покажаа дека зелениот простор е корисен за децата и за возрасните. Наодите од новата студија посочуваат дека дрвјата може да бидат важен фактор што придонесува за овие здравствени придобивки. Не се знае точно зошто природата може да го подобри развојот на мозокот, иако се знае дека природата може да ја зголеми сивата материја или да предизвика брзи промени во амигдалата што ги регулира емоциите. Дрвјата може да го смират нашиот ум со нивните пријатни шарени гранки.

Социо-економскиот статус и слободното време се фактори што можат да одредат пристап до зелена површина, соодветна исхрана, образование во раното детство и многу повеќе.

Од децата што студирале во Лондон, над половина потекнувале од семејство со родители кои имале менаџерски или професионални занимања. Ова може да укаже дека и други фактори покрај дрвјата го поттикнуваат когнитивниот развој на овие деца. Меѓутоа, она што е веројатно е дека пристапот до зелениот простор може да биде од корист за сите и треба рамноправно да биде вклучен во урбанистичкото планирање.

Извор



912

X