Се јавува една скапоцена, кратка фаза во раното детство која поминува побрзо и од последната опсесија на вашето дете. Се работи за оние неколку месеци кога детето не е повеќе бебе, но не е ниту малечко дете – нешто помеѓу. Ова се знаците дека вашето дете ја достигнало таа фаза.

1. Фризура „пократка однапред, подолга одзади“

Ако постојано ја тргате косата од лицето на вашето дете, но не можете да се одлучите да го однесете на првото потстрижување бидејќи тогаш навистина нема повеќе да изгледа како бебе, тогаш детето е во фаза на фризура – пократка коса однапред, а подолга одзади.

2. Не му се потребни зборови

Знаете дека негово мрморење во следниот период ќе се претвори во зборување, но дотогаш разбирате сѐ што се обидува да ви каже. Не мора, на пример, да го каже зборот „кола“ – може само да покаже со прстот, да се смее и да се радува и вие да го разберете. Вие сте веќе флуентни во толкувањето.

3. Сѐ уште има потреба од цицање

Многу од дечињата имаат играчки за гризење, шише со топло млеко или нешто слично што го користат пред спиење. Децата често се „хранат“ и во сон, нивните усни прават движења слични како кога цицаат.

4. Прегратка или без прегратка?

Некои денови сака да ви седне во скутот и да се гали. Се гушкате, се милувате, пеете песнички како да повторно да е бебе. А некои денови бега од вашата прегратка како да сте полни со бактерии и имате чувство дека не сака да биде покрај вас. Не грижете се, набрзо ќе ви се врати.

5. Може, ама не сака

Може да пие од чаша, но повеќе сака од шише. Може да се нахрани самото, но повеќето денови сака вие да го правите тоа. Сега има одлучено дека сѐ уште е бебе, иако може да направи многу работи кои покажуваат дека расте. Ова ќе трае додека не порасне уште малку, па потоа самото ќе ја граба виљушката од вашата рака и ќе ви вели „Јас“.

6. Се заглавува во лулашките за бебиња

Не може сосема стабилно да се лула, а може самото да се качи на лулашка. Често се случува малите чевли да се заглават во дупките кога се обидувате да го извлечете од лулашката. Набрзо и детето ќе знае дека веќе ги надраснало, а ќе дојде и денот кога нема да има потреба да го туркате додека се лула на лулашките за поголеми деца.

Времето поминува брзо, па затоа уживајте во сите овие нешта.

Автор: Лана Халовис

Извор



912

X