Голем дел од денот родителите го поминуваат на работа, децата на училиште, а вечерите пред лаптопот, пред телевизија или во завршување на преостанатите обврски. Заедничкиот семеен оброк за многумина е вистинска реткост, а експертите предупредуваат дека токму заедничкото вечерање има многу предности и може да биде важен повод за квалитетното време кое родителите може да го поминат со децата.
Истражување покажало поразителни резултати: помалку од четвртина од семејствата секој ден седнуваат на вечера без екрани. Повеќе од половина од родителите ги подмитиле своите деца да ги остават уредите пред вечера – но на детето во просек му се потребни 10 минути за да го исклучи својот уред кога родителот ќе го замоли. Според истражувањето, помалку од четвртина од семејствата седнуваат на вечера без екрани секој ден, подалеку од телевизорот, телефоните и уредите. Истражувањето е спроведено на 1.600 родители, со барем едно дете дома, па покажало дека 6 од 10 (61 отсто) семејства признаваат дека присилувањето на децата да ги исклучат своите уреди е најголемото несогласување во нивниот дом – што доведува до просечно две кавги дневно. Истражувањето, исто така, покажало дека се потребни речиси 10 минути за детето да ги исклучи своите уреди откако родителот ќе го побара тоа.
Како резултат на тоа, 53 отсто од родителите ги подмитиле своите деца за да го остават уредот, а најчесто им велат нешто како: „Можеш да грицкаш што сакаш“, „Можеш да останеш буден до подоцна“, и „Ќе ти платам“. Повеќе од половина (55 отсто) ги наметнале правилата за времето пред екраните. Така, многу родители го одредуваат времето што детето може да го помине пред екраните, многумина ја забраниле употребата на екран во текот на оброкот, а некои родители не му дозволуваат на детето да носи мобилен телефон на училиште. Истражувањето открило и дека половина час дневно е оптимално време за семејствата да се поврзат. Речиси сите (94 отсто) родители сметаат дека одморот од технологијата и екраните е важен за семејните односи, а 86 отсто сметаат дека времето за вечера е важен дел од денот за квалитетно заедничко семејно дружење. Меѓутоа, и покрај тоа, 93 отсто од родителите веруваат дека технологијата е важна за развојот на детето – а 98 отсто користат дигитални уреди како помош во учењето.
Д-р Ана Колтон, клинички детски психолог, вели: „Технологијата игра голема улога во нашите животи и ги олеснува нашата работа, учењето и слободното време. Исто така, ни овозможува да се поврземе со пријателите, семејството и оние до кои инаку не би дошле. Но, важно е да се запомни секојдневно да се одвојува време без екрани, компјутери, мобилни. Тоа е исклучително важно за нас и нашите односи со саканите.“

30 минути е оптимално време за семејството да се поврзе подалеку од екраните, бидејќи е доволно долго за смислени разговори, оброк или игра. Времето поминато без уреди е од витално значење за сите. Односите треба да се градат и негуваат, а за тоа е потребно вистинско време, контакт лице в лице, без разлика дали јадете заедно, играте игри, читате приказни или само разговарате. Децата учат како да комуницираат и како да се однесуваат гледајќи ги другите и комуницирајќи со нив. Истражувањето покажало дека 62 отсто од родителите се фатени како ги кршат сопствените правила.
„Технологијата е неверојатна на многу начини, не само во својата способност да нѐ поврзе со оние што ги сакаме, но, исто така, важно е да се одвои време во денот кога нема да користиме екрани, да се поврземе со семејството и пријателите лице в лице, особено за време на заеднички оброк“, вели Макс Тејлор, директор за потрошувачка во „Водафон Велика Британија“.