Според истражувањата, дури половина од родителите зборувале на мобилен додека ги возеле децата во последниве три месеци. Истражувањата исто така покажуваат дека еден од тројца родители читал текстуални пораки, а еден од седум родители користел друштвени мрежи.

Зборувањето на мобилен е еднакво опасно како неставањето каиш

Според науката, користењето мобилен при возење деца е еднакво опасно како неставањето каиш или како возење во алкохолизирана состојба.

Според една статија објавена во „Журнал оф педијатрикс“, 52,2 проценти од родителите разговарале на мобилен додека возеле мало дете, а 33,7 проценти читале текстуални пораки.

Друштвените мрежи се исто така во подем со оглед на тоа што дури 13,7 проценти од родителите ги користеле додека ги возеле децата.

Родителите што не носеле каиш повеќе користеле мобилен телефон од оние што носеле каиш додека возеле.

Каква порака им испраќаат родителите на децата со ова?

Испитувачите кажуваат дека овие истражувања се потребни за да се открие дали ризичното возење на родителите додека се со деца влијае врз децата бидејќи и тие во иднина ќе станат млади возачи.



912

X