Педесет до шеесет проценти од мајките ги дојат дојат во првите шест месеци. Сакаат да дојат 85 до 90 проценти од мајките, но имаат некакви компликации.
-Токму затоа во примарната здравствена заштита со мајките треба да ги надминуваме тешкотиите со кои тие се соочуваат за време на доењето – изјави претседателот на поткомитетот за промоција, заштита и поддршка на доењето, д-р Мими Кимовска-Христова во пресрет на Светската недела на доење, која што традиционално се одбележува од 1 до 7 август.

Мотото на Светската недела на доење годинава е „Да се поддржат родителите за да се овозможи доењето“.

Д-р Мими Кимовска-Христова

Од општествена важност, посочи таа, е да се поддржи иницијативата на родителите за доењето и таа да се одржи понатаму.

– Поддршката на родителите ќе се оствари на неколку начини. Државата има акциски план и официјално го почнуваме на 1 август. Ќе се залагаме доењето да биде ексклузивно, како што е предвидено и од Светска здравствена организација, по препорака на УНИЦЕФ, ОН и сите релеватни институции. Тоа значи до шестмесечна возраст доенчињата да примаат само мајчино млеко, а понатаму да се продолжи до двегодишна возраст, а ако треба и подолго. Во рамки на тоа може да се почне со додавање храна, но не и замена на мајчино млеко – рече Кимовска-Христова.



912

X