Мери Кампагна од Вест Мифин, Пенсилванија, е уапсена откако друг возач објавил видео на „Фејсбук“ додека возела. Имено, еден мотоциклист забележал необична и многу опасна ситуација на пат и одлучил сето тоа да го сними со мобилен телефон. Се работи за мајка која возела со својата двегодишна ќерка во скутот додека истовремено телефонирала. Откако видеото стигнало до полицијата, таа била уапсена во својот дом.

По апсењето полицијата открила дека Мери имала и погрешна регистарска ознака на автомобилот. Обвинета е за загрозување на безбедноста на дете и кршење на сообраќајните правила, вклучувајќи невнимателно возење и некористење автоседиште. Сепак, интересно е дека полициските службеници изјавиле дека го виделе автоседиштето за детето, но таа одлучила едноставно да не го користи.

За да укаже на важноста од пријавување злодела, полицијата одлучила да го сподели ова видео и набрзо станало вирално. Исто така, предупредила дека нашата одговорност не престанува во оној момент кога на социјалните мрежи ќе објавиме фотографија од прекршителот.

„Ако видите дека се случува злодело, фотографирањето и видеозаписите секако се корисни, но веднаш повикајте ја полицијата и пријавете го инцидентот“.

Иако повеќето родители биле згрозени од однесувањето на оваа мајка и се обидувале да објаснат колку е важно да се користи автоседиште за децата, се нашле и такви што во оваа приказна не гледаат ништо спорно.

„Дајте, луѓе, ве молам. Имав помалку од пет години кога татко ми ме стави в скут и ме пушти да возам“, истакнал еден од нив.



912

X